Малолетниците ќе може да полагаат за возачка од Б категорија.
Малолетниците за нешто повеќе од еден месец ќе може да управуваат со авомобили, се разбира ако ги совладаат сообраќајните правила. Оваа измена на Законот за безбедност на сообраќајот беше изгласана на владина седница пред точно една година.
Од автошколите ја поддржуваат оваа владина одлука и велат дека постарите малолетници, заслужуваат ваква можност, затоа што многу трезвено и одговорно ја прифаќаат оваа обврска.
„Од следната година ќе можат да полагаат за возачка и од Б категорија и лицата со наполнети 16 години со тоа што за нив ќе има зголемен фонд на часови и времето на управување ќе биде ограничено како и за почетниците кои имаат 18 години. Време на управување од 23 часот до 05 часот наредниот ден немаат право да управуваат без надзор на родителот. И брзината на движење за нив ќе биде ограничена по категории на возила и патишта. Што значи на авотопад може да се движат со брзина поголема од 100 километри, а на пат резервиран со поголема брзина од 80 и на сите останати јавни патишта несмат да се движат со брзина од 60 километри“, вели сопственик на автошкола „Блег“, Бошко Филчески.
Малолетниците не смеат да вршат превоз на патници во јавен превоз, да се занимаваат со такси превоз, нити пак со својот автомобил да влечат приколка. Со еден збор оваа категорија возачи ќе бидат под контрола на МВР, затоа што ќе се рачунаат како млад полнолетник.
Филчески открива дека најмногу заинтересирани кандидати има за полагање за Б категорија, но и дека не е за потценување интересот и за М категорија, а тоа се однесува на 14 годишњаците кои сакаат да управуваат мопед или познат како велосипед со помошен мотор.
„Децата не се мали со оглед дека имаше акција од министерството за внатрешни работи во месец март и ние спроведовме акција за едукација на тие деца. Голем беше интресот во тој период на децата за припрема теоретска за полагање на возачка дозвола за М категорија. Децата беа многу заинтересирани, беа присутни и не отсуствуваа од наставата. Со оглед дека беа 14 годишњаци, јас лично сум презадоволен од нив отколку кандидатите кои имаа 18 години многу потешко можеме да ги доведеме во автошкола и да се обучуваат, и да ја посетуваат теоретската настава“, вели Филчески.
Инаку со новите измени за законот за безбедност на сообраќајот возачот-почетник на возраст од 16 до 18 години отсега ќе може да вози надвор од границите на општината во која живее. Kазните за прекршок на ограничувањата ќе изнесуваат 300 евра. Бидејќи шеснаесетгодишните деца се сметаат за постари малолетници, според законите во Р Македонија тие одговараат кривично.
И на крајот уште еден апел кој доаѓа од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Тие велат Родителите секогаш да размислат дали ќе потпишат согласност нивното 16-годишно дете да полага за возачка дозвола. Со самото тоа што ќе му дадат одобрување за полагање, треба да знаат дека детето го пуштаат во сообраќај, а тоа претставува постојана опасност, предупредуваат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град