Дијабетичарите, до инсулин по скратена постапка

Целта е да се скрати постапката за да им се олесни на пациентите добивањето на инсулинска терапија.

 |  Мишел Наумоски  | 
aparat za glikoza
апарат за гликоза

Од 1ви Декември, постапката за добивање на инсулинска терапија станува двојно пократка. Според препораките на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, пациентите дијабетичари кои редовно користат инсулинска терапија, со една посета на матичен лекар ќе добиваат упат за специјалист интернист-ендокринолог, кој понатака ќе им издаде барање за издавање на инсулинска терапија. Со ова барање, пациентите, својата терапија секој месец ќе можат да ја подигаат од посебна аптека, без притоа да им треба повторна посета на нивниот матичен лекар. Овој нов принцип  всушност веќе се применува во Центарот за дијабетес при Општата болница во Охрид.

merenje glikoza„Дијабетолошките служби мора да преземат соодветни потези за овие пациенти да бидат често тријажирани со инсулинска терапија. Ова што Министерството за здравство и ФЗОМ го предложија пред два дена, ние, во нашето одделение, во Центарот за дијабетес, наназад шест месеци веќе ги издаваме тие електронски рецепти со кои им помагаме на самите пациенти да не се враќаат од нашиот преглед повторно до матичниот лекар, да им издаде рецепт, па повторно да се вратат. Значи ние наназад веќе шест месеци тоа го практикуваме.“-вели Д-р Сашо Василески-специјалист интернист-дијабетолог при Општа болница-Охрид.

И кај пациентите задоволство од новиот начин на добивање на инсулинска терапија. Велат претходно беше многу долга постапката за добивање на оваа многу потребна терапија.

d-r Vasileski„Сега е многу средено со тоа што земаме ние еден документ тука од докторот со кој секој месец, има таму аптека каде се дава инсулинот, и со тоа прашањето е решено. Гужви нема никакви, сега дури имаме и датум кога треба да појдеме. Ќе си појдиш на датумот и ќе си го земиш, и секогаш има инсулин, порано беше многу гужва.“-рече една од пациентките кои ги затекнавме во Центарот за дијабетес.

Д-р Василески вели дека предлогот за новиот начин на издавање инсулинска терапија е добар и во голема мера им помага на пациентите, но потенцираше дека ова не треба да значи дека треба да се избегнуваат рутинските прегледи.

„Дел од нив кои се добро едуцирани, со добро регулирани шеќери, ќе бидат добри после година дена, но јас се плашам дека може да се јави одреден проблем кај пациенти што се лошо регулирани, а имаат терапија за година дена. Нема да дојдат првата година, можеби и втората, но третата ќе дојдат со одредени компликации. Ние ќе издаваме рецепти по оваа препорака, но онаму каде ќе увидиме со лабораториските анализи дека одредени параметри не се во ред, пациентите ќе ги тераме да дојдат ако треба и два пати месечно или еднаш на три месеци, се со цел добро гликорегулиран пациент.“-вели Д-р Василески.

Тој додава дека и недостигот од инсулин е веќе минато. Со новиот компјутерски систем кој тие го користат веќе две години, точно знаат колку инсулин е потрошен и колку ќе им биде потребен за следниот месец. Наместо создавање домашни залихи со инсулин, д-р Василески на пациентите им препорача почести прегледи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top