Охридските советници се жалат дека осум месеци немаат земено паушал. По се изгледа дека за брзо нема да ги видат овие пари. Од Локалната со став паушалите да се исплатат на крајот на мандатот.
На градските избраници во Советот на Општина Охрид веќе осум месеци не им се исплатени паушалите. На секој советник месечно треба да му се исплатат 14 000 ден. Бидејќи во советот има 23 советници ако се направи проста математика за изминативе осум месеци општината на секој од нив им должи по 96 000, а на сите вкупно околу 2 мил денари. Советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски вели дека ова е крајно несериозен однос на Локалната кон нивната работа и функција.
Инаку, исплатата на паушалите е регулирана со Законот за исплата на плати и други надоместоци на избрани и именувани лица на РМ. Висината на паушалите се одредува во зависност од големината на општината и се земаат 40 до 70 % од месечната нето плата исплатена во минатата година во РМ. Ова не важи само за Скопје каде се исплаќаат 100%. За Општина Охрид тој паушал изнесува 70%. Претседателот на советот Душко Јаковчески го потврдува фактот дека осум месеци не зеле паушал и вели дека во повеќе наврати има разговарано со Градоначалникот за да се реши овој проблем. Петрески му ветил дека до крајот на мандатот ќе им бидат исплатени паушалите на советниците.
Јаковчески објаснува дека неисплатените паушали барем досега не се одразиле врз работата на советниците.
Мандатот на советниците ќе истече на крајот на март кога би требало да се конституира новиот совет бидејќи за средината на март се најавени локалните избори. Советниците по се изгледа ќе треба да се стрпат до напролет за да си ги добијат заработените пари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град