Којзнае која зима по ред, овој патен правец ќе остане недостапен и за домашните, и за странските туристи, а богами и за охриѓани.
И оваа година зимско одржување само на дел од патот кој води до Галичица. Овој патен правец кој води до една од нашите најголеми туристички природни атракции, во останатиот дел повторно ќе биде недостапна за потенцијалните посетители. Од јавното претпријатие Македонија пат-секција Охрид, велат дека се свесни за проблемите со кои редовно се соочуваат на овој патен правец, но воедно децидни, дека овој патен правец мора да биде безбеден во сите временски услови.
„Во оваа сезона повторно е вклучена во програмата, се работи само за Трпејца-Корита, во должина од 9 километри, и тој пат ќе го одржуваме. Ќе ги корисиме и искуствата од минатата година за да не дојдеме до тие проблеми кои што и покрај тоа што беа, сметам дека не беа многу, беа минимални, со оглед дека имавме силна зима, а околу тоа еве сега во моментов е сончево кај што ја давам изјавава, а на Галичица имаме снег. Таа е планина со непредвидливи моменти кои може да ги донесе.“-вели раководителот на ЈП Македонија пат-секција Охрид, Јован Митрески.
Од сообраќајната полиција во Охрид велат дека при нивните редовни контроли за безбедност на патниот сообраќај, извршиле контрола и на овој патен правец, односно регионален пат Отешево-Трпејца.
„На тој дел од патот може да се заклучи односно констатирано е дека не може да се одвива сигурен и безбеден сообраќај од причини што покрај недостатоците на вертикалната и хоризонталната сигнализација, истиот не е обезбеден надворешно со заштитни железни огради кои би претставувале опасност за учество во сообраќајот на тој дел од патот.“-рече Страшо Миленкоски, командир на полициската станица за безбедност во сообраќајот.
Од охридската секција на Македонија пат, велат дека имаат можно решение на овој проблем, решение кое веќе го предложиле во Агенцијата за државни патишта, па се надеваат на позитивен одговор.
Инаку станува збор за опцијата-поставување на пункт кај планинскиот превој од каде нивните служби би можеле понатака да го одржуваат и остатокот од патниот правец. Меѓутоа тоа за во иднина. А сега, се чини ќе си поминеме уште една зима само гледајќи ја Галичица од далечина, за да ја посетиме, ќе мора да почекаме.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град