Свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици во Воска

Во чест на 68 годишнината од ослободувањето на Охрид, свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици.

 |  Маленкова Татјана  | 
pustanje vo upotreba ulici
пуштање во употреба улици

Свечено пуштени во употреба неколку реконструирани улици. Станува збор за улични мрежи претежно во населбата Воска. Од локалната самоуправа велат дека изминативе два месеци  интензивно работеле на реконструкција на пет улични мрежи, кои свечено се пуштија во употреба на денот на ослободувањето на Охрид. „Реконструкцијата се однесуваше на веќе zoran Sikaleskiизградени улици, каде се вршеше реновирање на асфалтната подлога  со гребење на асфлтната база и повторно асфалтирање“, вели раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Зоран Шикалески.

„Мислам дека за сите овие улици пет набројани се работи за улична мрежа од 5 и пол километри комплетно ги реконструиравме. Изведувач на работите беше АД Илинден од Струга. Вкупната сума на овој инвестиционен влог изнесува околу 6 милиони денари“, вели раководителот на одд. За комунален развој и сообраќај, Зоран Шикалески.

Шикалески открива дека локалната не застанува тука. Плановите се во зависност од временските услови да се продолжи со работа, категоричен е Шикалески.  

„Најпрво во населбата Бејбунар кај стара Охридија, потоа  асфалтирање и реконструкција на дел од улична pustanje vo upotreba uliciмрежа во населбата Рача и тоа на две места и тоа онаму каде во изминатиов период се изработи каналиациона мрежа ќе се врши комплетно санирање и патот што води од манастирскиот комплекс Благоец до селото Рача, потоа ќе се работи во дел од насебата Коњско. Ќе се работи во Елшани и на реконструкција на дел од улици во населбата Железничка“, додава Шикалески.

Шикалески за ТВ М откри до каде е реализацијата на проектот општински превоз.„Она што го наговестивме согласно одлуката донесена на советот на општина Охрид, можам да кажам дека пристапивме кон реализација на таа одлука за воспоставување на градска мрежа – градски сообраќај на автобуси. Скоро сите подготовки се во завршна фаза. Сметаме дека овој проект со реализација ќе отпочне за десетина дена. Шикалески најави дека за истиот период ќе се реализира и проектот преку кој ќе се поврзи Охрид со селото Завој.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top