Од денеска стартува примената на електронската здравствена картичка.
Осигурениците кои веќе ги имаат добиено новите електронски картички при користење здравствена услуга во установи кои работат со Фондот за здравствено осигурување нема да има потреба да носат сини картони. Во првава фаза од примената картичките ќе се користат само како сини картони, а подоцна и како здравствени книшки.
„Ние имаме дистрибуирано околу 6000 електронски здравствени картички и уште 3000 имаме за дистринуција. Некои од ЈП или школи суште немаат уплатено, па затоа сеуште не ги имаат земено. Тоа се сите здравствени установи и нивни членови и државна администрација и јавни претпријатија, полиција, војска или сите кои редовно го плаќаат придонесот“, вели раководител на пордачно одд. На фонд за здравство, Славе Крстаноски.
Крстаноски појаснува дека од денеска нема да се штампаат сини картони за сите оние кои добија здравствени картички, затоа што штом тие ќе се постават во читач на податоци, јасно е видливо дали за осигуреникот е платен придонес, односно дали истиот има право на здравствена заштита.
Веќе одамна сите здравствени установи во држава добија читачи на картички со иснтрукции од фондот за здравствено осигурување за инсталација на програмата и нивна примена.
„При одењето на осигуреникот кај матичен доктор треба да си одбери пин со пет цифри поради заштита на податоци, за да неможе никој друг да му ја користи картичката. Штом картичката е активирана и понатака истата може да се користи и во аптеки и во болници и кај специјалист“, вели Крстаноски.
Цената на здравствената картичка е 250 денари за една картичка за вработени, пензионерите со пензии помали од 15 000 и самохрани родители за картичката плаќаат по 100 денари, а корисници на постојана парична помош или социјални случаи ги добиваат бесплатно.
Раководителот на пордачното одделение на фондот за здравство, истакна дека во моментов се подготвуваат здравствените картички за панзионерите и невработените лица. Тој апелира до приватните фирми да поднесуваат барања за своите втаботени и додаде дека рокот е до Нова Година. Поголемите фирми кои имаат над 60 вработени барањата може да ги поднесат во електронска форма, за полесна обработка на податоците.
„На нашата web страна на фондот постои соопштение за приватните, но и за оние кои намаат аплицирано. Има тука групно барање треба да го симнат барањето, да го пополнат и да го достават до фондот до подрачното одделение“, вели раководител на пордачно одд. На фонд за здравство.
Комплетната примена на здравствените картички треба да биде во средината на 2013 год. А дотогаш напоредно ќе се користат здравствените книшки и картичките.
Од фондот за здравство додаваат дека во случај да има проблем со примената на картичката осигуреникот и матичниот доктор треба да се обратат во АЈ Ти секторот за помош при фондот за здравство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град