Во понеделник, хуманитарна изложба на фотографии од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“.
Ако ја љубите фотографијата, а сакате и да помагате, тогаш еве ви можност да уживате во двете работи истовремено. Во понеделник, 5ти Ноември, во лаунџ барот Објектив, ќе се случи хуманитарна изложба на фотографии во изработка на Петар Боев. Инаку станува збор за 47 фотографии кои се сликани од месец Април па наваму, а се дел од проектот „Охрид, град на цвеќето 2012“. На фотографиите доминира цвеќето како мотив, со карактеристична охридска позадина.
Фотографирани се градскиот парк и околината, а направени се фотографии и од акцијата за украсување на куќите во стариот дел на градот, како и поважните институции со саксии со цвеќе. Фотографиите кои Боев ги изработил се во димензии 30 на 46, а ќе бидат поставени на соодветна подлога за целите на изложбата. Овие фотографии воедно и ќе се продаваат на денот на изложбата, а средствата кои ќе бидат прибрани од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Ќе бидат набавени, теписончиња, завеси и друг инвентар кој ќе биде дониран на јавната општинска установа, детска градинка „Јасна Ристеска“. Воедно, оваа изложба ќе има и карактер на коктел-забава па покрај средствата од продадените фотографии, ќе бидат собрани и дополнителни средства.
Одреден процент од секој платен пијалок во лаунџ барот Објектив, исто така ќе биде наменет за оваа добротворна цел. Инаку инвентарот кој ќе биде набавен за градинката „Јасна Ристеска“ ќе биде предаден во нивните простории на 7ми Ноември, кој воедно е и патронат на градинката. Настанот ќе биде медиумски подржан и од Телевизија ТВМ и порталот на Охрид Њуз. Па повелете, бидете хумани!
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град