Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински

Нема повеќе затајување на колекторскиот систем.Пумпните станици ќе се управуваат далечински. Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kolektor
колектор

Пумпните станици на колекторскиот систем ќе се управуваат далечински.Ова е проект кој МЈП Проаква го реализира заедно со Швајцарската амбасада која за таа цел издвои средства во висина од 2 мил денари.  На потегот од Св. Наум до Радожда во должина од 28 км има 11 пумпми станици. zlatko starkoskiНа ваков начин ќе се намалат трошоците за гориво и електрична енергија, а и ќе се избегне затајувањето на системот кој кога има пообилни врнежи од дожд треба да работи со поголем капацитет за да се постигне саканиот ефект за заштита на езерото од отпадните води, вели Златко Старкоски директорот на МЈП Проаква.

Овој проект ќе биде реализиран до крајот на оваа година. Друг проект кој ќе биде финансиран од Швајцарската амбасада е обука на кадри од комунаните претпријатија. За овој проект се издвоени 1мил и 100 000ден.

Стракоски вели дека соработката со Швајцарската амбасада продолжува и на повидок се и други проекти кои ќе бидат реализирани во текот на наредната година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top