Катна гаража и автобуска со јавно приватно партнерство

Градскиот совет даде амин за  започнување на постапка за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица и катна гаража.

 |  Маленкова Татјана  | 
avtobuska stanica
автобуска станица

Советниците ги прифатија предлог одлуките за започнување на постапка за доделување на Договор за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица и катна гаража во општина Охрид. Но, не помина се така глатко.  И овие предлог одлуки предизвикаа низа дилеми, дискусии и препукувања помѓу советниците.  Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски вели дека катна гаража и автобуска станица му се повеќе од неопходни на Охрид, но додава дека неприфатливо е овие објекти да се градат со модел на јавно приватно Dejan Panoskiпартнерство. Токму поради тоа, Паноски предложи во буџетот на локалната самоуправа за 2013 год да влези ставка за изградба на катна гаража и автобуска станица. Пократ тоа Паноски предложи да се побара и од владата на Р македонија при изготвувањето на буџетот државата да издвои сресдства за изградба на овие капитални објекти со што би и помогнала на општина Охрид.  

„Начинот на кој сака да се протурка едно решение е тотално несериозен и неодговорен. Прво затоа што осум години владеење оаа локална ги добива во форма на подршка преку лажно ветување дека ќе ги изгради автобуската и катната гаража нешто што досега не е случај. Второ проблемот со катните гаражи е само предизборен трик и како таков ќе остане. Трето со катната гаража и авотбуска е тоа што тие се мали објекти  во однос на инвестиција и нив мора самата локална самоуправа да ги изгради и да управува, а не да бидат цел на некој вид на приватизација како јавно приватн партнерство“, вели координатор на советничка група  на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски.

Раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај Зоран Шикалески смета дека изгардбата на zoran Sikaleskiкатна гаража и автобуска станица со јавноприватно партнерство во моментотв е  најдобриот начин Охрид конечно да ги добие овие капитални објекти.  Шикалески појаснува дека катната гаража ќе се гради на паркинг просторот кај пазарот, на околу 300 метри квадратни и истата ќе има околу 320 паркинг места.

„ Општина охрид до неодамна не беше сопственик на земјиштето и неможеше да започне вакви постапки штом го добивме земјиштето изготвивме елаборати физибилити студија за поволноста и согалсно тоа   предлагаме да се дондеси оваа одлука, согласно законот за јавноприватно партнерство и давање на концесии започнува да се реализира еден ваков проект“, вели Зоран Шикалески,Раководител на одделението за комунален развој и сообраќај.

Шикалески додава дека современата катна гаража, би се градела со јавно приватно партнерство и дека општина Охрид овде ќе влезе со земјиштето со комуналиите и пропратната инфраструктура, а Јавниот пертнер со изградбата. Бенефитот вели Шикалески ќе го имаат како општината така и јавниот партнер. Исти е случајајот и со автобуската станица. И таму Општината повторно ќе учествува со земјиштето, комуналиите и пропратните активности околу приклучување на канализациона мрежа, додека јавниот парнер ќе изврши изградба на објектот. Раководителот на одделението за комунален развој и сообраќај е категоричен дека Приватениот партнер ќе биде оној кој ќе даде најдобра понуда.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top