Охрид прераснува во втор главен град на Република Македонија

Охрид е избран за град домаќин на Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа.

 |  Лионела Јаковлева  | 
amblem Ohrid
амблем Охрид

Охрид е избран за град домаќин на Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа .

„Причина за тоа е што градов во повеќе наврати се покажа како одличен домаќин на големите настани“, рече Зоран Иванов претставник од кабинетот на претседателот Црвенковски.

Охрид, домаќин на уште еден голем настан. На 20 и 21 ноември ќе се одржи Петтиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа. Иако првично оваа средба требаше да се одржува во Скопје на иницијативата на претседателот Бранко Црвенковски, Охрид е избран за град домаќин на овој форум. „Причина за тоа е што градов во повеќе наврати се покажа како одличен домаќин на големите настани“, рече Зоран Иванов претставник од кабинетот на Црвенковски. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески е задоволен од ваквиот избор. Тој потенцираше дека Охрид прераснува во втор главен град на Република Македонија.

pres Ekonomski forumПетрески вели дека досега во градов се одржаа неколку важни светски настани. Тој потенцира дека Охрид е целосно подготвен за вакви случувања. Во наредните денови ќе се работи само на некои финеси. Градоначалникот кажува дека градов во најголем дел ги задоволува инфраструктурните критериуми, но има уште работи кои треба да се направат околу осветлувањето.
Петрески нагласи дека бенефитот на градов од одржувањето на овој форум, но и на останатите вакви големи настани е многу голем. Покрај тоа што Охрид на ваков начин се презентира пред посетителите како туристички центар, градов ќе има и економска корист. За време на Регионалниот економски форум во Охрид се очекува да пристигнат околу 1000 гости.

Инаку темата на петтиот економски форум е „Конкуренти и партнери на патот кон Европската Унија, а досега своето учество го потврдија  претседателите на Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија, и Албанија. На 20 и 21 ноември во Охрид доаѓаат и претставници од  Претседателството на Босна и Херцеговина, како и од Дирекцијата на Европската комисија за проширување. Организатор е невладината организација Ревикон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top