Стружанки и Охриѓанки станаа дел од „Сороптимист“.
Првиот клуб од оваа интернационална организација за жени од различни професии, кои имаат цел да го подобрат животот на жените и девојките во светот преку зајакнување на свеста, застапување и превземање конкретни акции, се формира во Струга, а инаугурацијата ќе се одржи во сабота во 17.30 во хотел Дрим.
„Сороптимист е невладина оранизација која брои само во Европа околу 35 илјади членки сестри како што се нарекуват и главна цел им е да ги преставуваат нивните професии, бизниси и да ги застапуваат правата на жените од целиот свет и од заедницата каде што живеат“, вели заменик претседател на Европската Федерација на Сороптимист, Лена Витанеми.
Секој клуб се самоорганизира. Чланарината која ја плаќаат е различна од земјата, поточно од стандардот. За Македонија таа изнесува 30 евра годишно.
Во првиот македонски клуб во Струга моментално членуваат 21 жена. Членките на клубот треба да бидат сопственици на бизниси, вработени или активни волонтери препознаени во својата заедница.
„Најпрво клубовите се должни да направат нешто за сопствените заедници каде што се основани, но има и клубови од поразвиени земји кои помагаат проекти од други земји, пример во Азија. Во клубот во Струга моментално членуваат 21 жена.Членките на клубот треба да бидат сопственици на бизниси, вработени или активни волонтери препознаени во својата заедница. Африка источна Европа и тоа оди по барање на клубовите.
Кога ќе се формира клуб во некоја земја имаат потреба да ги зајакнуваат капацитетите на жените во свера на здравство, образование… Браат помош од федерацијата, а тие своето искуство им го нудат на земјата барател“, вели Тони Филедкок, преставник на Холандската Унија на Сороптимист.
Во Сабота на Инаугурација на Клубот, е најавено присуството на клубови од Италија кои ќе се македонски ментори во првата година од постоењето, а ќе има и претставнички од Бугарската унија. После инаугурацијата ќе се одржи свечена донаторска вечера.
„Моите планови како прв претседател на клубот се да се зајакнат капацитетите на членките преку обуки, билатерални соработки со соседните земји, студиски патувања во Европа и посета на останатите клубови. Планираме да има локални активности за жените и девојките од нашите градови и секако да се промовираме за повеќе да не запознаат во Македонија“, вели претседателката на првиот македонски клуб „Сороптимист“, Катерина Василеска.
Првиот Сороптимист Клуб е формиран 1921 во САД. Во светот моментално има околу 3000 клубови присутни во 125 земји.
На интернационално ниво сите овие организации одлично соработуваат, многу чест случај е сопругата да е членка на Сороптимист, а сопругот на Лајонс или Ротари (бидејќи кога Сороптимист се формирале овие клубови биле затворени за жени).
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град