Муслиманите празнуваат

Муслиманите го слават Курбан Бајрам или празникот на жртвата.

 |  Маленкова Татјана  | 
kurban bajram
курбан бајрам

Верниците од исламска вероисповест го слават Курбан бајрам или празникот на жртвата. На првиот ден од 4-дневниот празник се изведува молитвата за Бајрам – бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.

Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. Колењето на курбанот и годинава во Охрид го спроведе здружението Атлас.  

„Денеска се колат 18 големи глави, а месото ќе се поднеси на сиромашните“, вели Каљуш Кевни од kurban bajramздружението „Атлас“.

Денешниот празник муслиманите го започнаа со утринска молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. На колењето на курбанот и годинава присуствуваше и градоначалникот Александар Петрески.

„Ја користам оваа прилика на сите граѓани да им го честитам големиот празник Курбан бајрам. На овој празник уште еднаш  честитајќи им го ги повикувам на пријателство, здравје и соживот како досега, а одсега да биде уште подобро“, вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Големиот муслимански празник Курбан Бајрам на муслиманите им го честиташе и советникот Кујтим Усеини, посакувајќи им здравје, љубов и успех.

„Курбан бајрам е еден од бајрамите за кој се коли курбан и се дава на сиромашниот. Ние заедно дојдовме и kurban bajramсо градоначалникот и со советниците со директортите од ЈП со што уште еднеш покажавме дека во охрид има соживот и добри односи према сите.  Кај нас не се гледа дали е муслиман или христијан кај нас им даваме на сите кои имаат потреба за помош“, вели советникот Кујтим Усеини.
 
Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.
Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, мир и благосостојба, или основните принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој.

Централната прослава за Курбан бајрам и годинава е во Мека, каде се одржува традиционалниот аџилак. Според проценките годинава таму има повеќе од два милиони верници облечени во бело кои од утринава се искачуваа кон врвот Арафат за годишното поклонување во Мека.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top