Кој го реконструира патниот правец Лескоец-Скребатно?

Приказната се заплетка околу тоа чиј бил проектот, на Владата или Локалната.

 |  Мишел Наумоски  | 
sredselo Leskoec
средсело Лескоец

Кој го реконструираше патниот правец Лескоец-Скребатно? Дали Владата или Локалната, или пак и едните и другите. Приказната започнува во 2009та година кога Владата на Република Македонија со цел да им помогне на општините во подобрување на локалната патна инфраструктура, аплицирала за кредит до Светската банка и Европската банка за подршка и развој, кредит во износ од 100 милиони евра кој таа е обврзана да го врати.

paten pravec Leskoec-SkrebatnoЗа таа цел, Владата ја ангажирала Агенцијата за државни патишта, иако тоа не и е надлежност, да достави барање до сите општини за одредување на приоритетни патишта кои би ги реконструирале со средствата од овој кредит. Вакво барање стигнало и до нашата општина.

„Од страна на општината со официјален допис, во 2010 година, беше побарано од општина Охрид да влезе во тој проект за три патни правци и ние им го одобривме, од с.Лескоец до с.Скребатно. Значи тоа е заем, многу е јасно, не станува збор за донација, ниту општината може директно да аплицира до банките. Тоа беше преку Владата и за општина Охрид се доделени околу 1.200.000 евра од кои што само за овој патен правец беа потрошени некаде 32.000.000 денари или нешто повеќе од 500.000 евра.“-вели Љупчо Георгиески-Директор на Агенцијата за државни патишта.

Gruevski lenta LeskoecОд Агенцијата за патишта велат дека Локалната надвор од проектот одобрен од кредиторите што би се рекло на своја рака или иницијатива  извршила проширување за половина метар и доасфалтирање на патот, што ги чинело околу 110 000 евра. Од Локалната самоуправа  велат дека таа сума е поголема и изнесува 200 000 евра.  Но од таму инсистираат на инвестираните средства да се гледа кумулативно од 1996 па се до денес и во тој период локалната за овој пат инвестирала скоро милион евра.  Но еве во што се согласуваат.

„Морам да кажам дека овој проект е заеднички проект помеѓу Европската банка за подршка и развој, Светската банка, локалната самоуправа и Владата на Република Македонија, а ќе се реализира преку заем на кој Владата се јавува како гарант на заемот пред Светската и Европската банка. До овој момент се реализирани три проекти. Реализиран е проектот во Велгошти, потоа Охрид-Орман и од Лескоец до Скребатно.“-рече Зоран Шикалески, раководител на Одделението за комунален развој и сообраќај.

Но еве и во што се разидуваат. Бидејќи станува збор за локален пат, кој директно е под надлежност на Локалната,  оттаму остро реагираа кога истиот овој пат беше отворен од страна на премиерот Груевски.

Leskoec asfalt„Дојде делегација, односно премиерот да го отвори патниот правец. Ние не гледаме ништо спорно во тоа. Но зарем не требаше општина Охрид да биде известена, барем со еден допис, да биде повикана? Се работи за локален патен правец, туку ние бевме ставени сосема на маргините на ова случување.“-изјави Шикалески.

Шикалески додава дека токму поради континуираното вложување од страна на општината во овој патен правец тие на 7ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, со нивна делегација свечено ќе го отворат. Инаку со средства од кредитот со кој се задолжи владата,  ќе се градат уште најмалку три патни правци во охридско и тоа Горно Долно Лакочереј, Охрид – Велестово и Охрид -Елешец- Елшани.

Дали ќе се сечат една или две црвени ленти, дали повторно ќе се кршат копја околу тоа  кој каде аплицирал, кој барал а кој одобрил и кој повеќе вложил, на крај на краиштата и не е најважното, се додека граѓаните добиваат асфалтирани патишта.

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top