Свечено пуштен во употреба патот од Лескоец до Скребатно

Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Тој потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата преку Агенцијата за државни патишта.

 |  Јаковлева Лионела  | 
nikola gruevski
никола груевски

 

Премиерот Никола Груевски денес свечено го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно. Овој локален пат со должина од 8км е изграден со средства од Владата во висина од 25 мил. Денари. Груевски истакна дека сега сите граѓани кои живеат во овој дел од Општина Охрид како и сите намерници кои го посетуваат манастирот Св. Богородица во Скребатно не ќе мора да газат во кал и прашина бидејќи е изграден еден широк и модерен пат кој ќе го користат многу години.pratenici

Премиерот потенцира дека ова не е единствен локален проект во кој со финансиски средства учествува Владата преку Агенцијата за државни патишта. Тој кажа дека со државни пари е направен и патот кој води до манастирот Св. Недела, изградена е и обиколницата Железничка, локалниот пат до селото Велгошти, целосно е реконструиран охридскиот аеродром, направен е Заливот на коските. Груевски ги спомна и спортските сали и игралишта кои ги изградија во Општина Охрид како например салата во Велгошти чија изградба е при крај. Не заборави да ги спомене и становите за социјалните случаи од градов кои беа пуштени во употреба пред година и половина, а за крај како најкапитална Владина инвестиција во Охрид ја потенцира големата реконструкција на охридската болница.

Груески им се заблагодари на охридските пратеници за нивните заложби за реализација на проектите, како и на Агенцијата за државни патишта и на Министерот за Финансии, Зоран Ставрески кој изнаоѓал средства и начин како да се финансираат ваквите проекти за охридскиот крај да биде што поразвиен, а со тоа да стане и поубаво место за живеење.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top