Условите за производството на органска храна во Македонија се идеални, но недостасува подобар маркетинг. Сонцето и фиданката се симбол на македонското органско производство на храна.
Македонија има потенцијал за развој на органското производство но тој се уште не е доволно искористен, велат екологистите. Иако бројот на органските производители се зголемува во последните неколку години, сепак станува збор за слабо развиена дејност во споредба со светскиот просек.
Минатата година органската храна се произведувала на илјада педесет и пет хектари што е многу малку од вкупно обработливата површина во Македонија, вели Владимир Џабирски, поранешен претседател на Здружението на екологисти на Македонија.
Во државава регистрирани се вкупно 250 фармери, производители на органска храна. Врската помеѓу производителите и трговците засега е најголемиот проблем на кој му се придружува и недоволниот маркетинг.
Во Охрид одамна постојат земјоделци кои произведуваат здрава органска храна. Охридскиот регион е идеален за производство на градинарски производи поради исклучително добрата клима која ја има, но производителите велат дека им недостасува организиран пласман и поголема подршка од државата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град