Грци, Срби, Бугари масовно купуваат лекови од Македонија

Соседите од Грција, Србија и Бугарија купуваат лекови во Македонија.

 |  Маленкова Татјана  | 
lekovi
лекови

Од апче за главоболка до лек за хронични болести. Македонија станува регионален центар за набавка на евтини, а квалитетни лекови. Граѓаните од соседните земји Грција, Бугарија и Србија секојдневно ги преминуваат границите и буквално ги празнат македонските аптеки.

„Оваа тенденција која ја гледаме е резултат на добро поставен систем  кој гледаме дека е ослободен од било Nikola Todorov minister za zdravstvoкакви турболенции со кои се соочуваат некои ситеми во соседството“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.

Тодоров е категоричен дека недостаток на лекови за нашите граѓаните нема да има, поради што нема потреба ни од нервоза.

„Имајќи предвид дека со реформите кои се превземаа и со намалувањето на лековите во три наврати и намалувањето на данокот за лековите во 2007 год. И сега во февруари и октомври имаме над 1600 – 1700 лекови чии цени паднаа драстично. Тоа ќе има исклучително позтивен ефект  и врз здравствениот систем, затоа што само последново намалување донесе заштеда од 3 милиони и 800 илјади евра, а од тоа ќе имаат бенефит и самите граѓани за лековите кои ги плаќаат од сопствен џеб, за лековите кои не се на позитивна листа или ги плаќаат во апотеките“, вели Тодоров.

Инвазијата од Грција, Србија и Бугарија најмногу ја чувствуваат пограничните градови во земјава. Србите lekoviчесто го посетуваат Куманово, а најмногу од аптеките купуваат цитостатици. Зголемена побарувачката на лекови има и во Крива Паланка и Делчево, каде посетители на аптеките се бугарските граѓани.

Од бирото за лекови информираат дека во земјава има 3.700 регистрирани лекови, кои се од квалитетни производители и со ниски цени. Од тие причини многу малку македонски граѓаните купуваат од странство или преку интернет.  Наспроти нашата земја во светот има драстичен раст на трговијата со лекови преку интернет, што доведе до бум во продажбата на фалсификувани лекови, а како деновиве пишува Франс прес водечки нивен производител е Кина.

Ново намалување на цените бирото за лекови најавува за во месец март следната година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top