Свечено отворени детски игралишта по повод 11 Октомври

Нишалки, парк и клупи за одмарање, и спортски реквизити сега и официјално, беа отворени во населбата Гоце Делчев и во близина на кружниот тек кај болниците.

 |  Мишел Наумоски  | 
secenje lenta igralishte
сечење лента игралиште

Новоизградените детски игралишта во населбата „Гоце Делчев“ позната како „Бараки“ и игралиштето во близина на кружниот тек кај болниците, денес добија и официјална промоција.

igralishte deca Нишалки и забавни реквизити, кошеви и игралиште за фудбал за најмладите, но и уреден парк за постарите лица. А најмладите воодушевени од новите реквизити.

„Јас сум многу задоволна од овој парк“

„Јас сум многу задоволен за паркот во населбата „Гоце Делчев“ и честит празник.-рекоа дел од нив.

Градоначалникот Петрески смета дека овие игралишта им се потребни на најмладите и вели дека во иднина очекува да се прават уште повеќе инвестиции за младите генерации.

„Еве на ова место вие знаете како изгледаше пред само пет-шест години. Овде имаше времени објекти од пластика, ресторани, кафани кои едноставно им сметаа на жителите кои живеат овде и кои немаа мир. Еве гледат нив ги отстранивме, направивме кружен тек, а еве сега го средивме и комплетно паркот и направивме игралишта за најмладите деца и се сложувате дека е подобро вака да има парк отколку да има ресторани, сендвичари на ова место.“-рече Александар Петрески-Градоначалник на Охрид

igralishte kruzen tekПетрески вели дека нивните активности не застануваат тука. Детско игралиште ќе правеле во населбата Далјан, а до крајот на Ноември најави дека ќе биде завршено и игралиштето под Горна Порта.

„Имаме намера да правиме спортска сала и во населбите Радојца Новичиќ и Лескајца. Сигурно дека ќе направиме и спортско игралиште и во Трпејца, бидејќи во Љубаништа направивме, така да на целата територија на општина Охрид ќе изградиме вакви игралишта и не само игралишта, туку и други објекти. Затоа што мојата девиза е дека секој што живее во Охрид треба да се чувствува како охриѓанец односно секаде да е убаво средено и да ги има сите содржини потребни за нормален живот.“-вели Петрески.

Денешното отворање на овие игралишта беше заокружено со интонирање на националната химна, но и со забавни мелодии за најмладите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top