Дали и кога ќе добиеме катна гаража и автобуска станица

Изградбата на автобуската станица и катната гаража со јавно приватно партнерство сеуште чека амин од советниците.

 |  Маленкова Татјана  | 
katna garaza
катна гаража

Катна гаража и автобуска станица преку модел на јавно приватно партнерство. Овие точки кои се дел од 52 седница за која се чека престедателот да го најави продолжението, чекаат на амин од советниците.  За градоначалникот и локалната самоуправа во овој момент ова е едниствениот начин Охрид и Охриѓани за кратко време и без големи трошоци да стигнат до долго посакуваните капитални објети.

„Вие знаете дека за изградба на една катна гаража сигурно треба едно 7 – 8 милиони евра. За изградба на пазарот сигурно требаат 20 милиони евра. За изградба на автобуската станица  5 милиони евра сигуно ќе треба. Ко ќе се соберат овие пари се 35 милиони евра. Јас имам побарано да ни дадат кредит и општина да го гради. На крај резултатаот ќе биде исти.  Со дел од овие објекти ќе стопанисува општина, а со дел не. Без katna garazaразлика на кој нечин ќе се прави“, вели градоначалникот, Александар Петрески.

Градоначлникот додава дека ова е единствениот начин да се изградат овие објекти, затоа што како што вели министсрството за финанансии не им дава дозвола за кредитно задолжување. Тој додава дека откако ќе се изградат овие објекти план е дел од нив да се продадат, исто како и во Скопје. Таму вели Петрески изградени  се три катни гаражи. Овие објекти ги градеа општините, со тоа што им беше даден кредит, по што тие ги изнајмија приземјето, првиот, вториот кат, а спратната гаража ја користат.
 
„Ние го правиме истото само со модел на јавно приватно партнерство. Во нашиот случај приземјето и деловниот простор ќе го земе партнерот, а на локалната ќе и остане паркирањето.   Резултатот на крај е исти“, категоричен е градоначалникот. Кај автобуската станица пак објектите како ресторан, аптека, пошта, банка, нема потреба да бидат наши. Тие ќе бидат на партнерот“, вели првиот човек на Охрид.
Со предлог одлуката автобуската станица и катната гаража да се градат со модел на јавно приватно партнерство не се согласуваат советниците од ВМРО ДПМНЕ и откриваат дека за оваа предлог одлука ќе гласаат против. Тие велат дека овој предлог за нив е неприфатлив од неколку аспекти економски, формален Jovaka dameska и политички.

„Од економски значи не е прифатливо затоа што станува збор за инвестиции   од кои штолокланата самоуправа доколку инвестира самата во изградба на овие капитални инвестиции  од кои понатаму економски бенефит би имале локалната самоуправа и јавните претпријатија кои би стопанисувале со тие јавни добра. А тој бенефит најмногу би го имале граѓаните затоа што тие постојано нема да бидат доведувани под постојани уцени а исто и локаната самоуправа од одредена група на приватни субјекти со кои што би располагале доколку се дадат со јавноприватнопартнерство“, вели советникот од ВМРО ДПМНЕ, Јованка Дамеска.

Дамеска додава дека од формален аспект не е прифатливо затоа што во самата предлог одлука не постои никакаво образложение, односно не е понудена никаква физибилити студија, од аспект на финансиската конструкција, и од аспект на економската оправданост за приватниот партнер, а од политички аспект тие сметаат дека градоначалникот досега  имал 8 години можност да направи било каква капитална инвестиција од ваков тип, а го чекал овој предизборен момент преку кој сака да  ја манипулира јавноста во Охрид, вели Дамеска.  
 
avtobuska stanica Градоначалникот пак е категоричен дека Охрид и охриѓани ги заслужуваат овие објекти без оглед на моделот преку кој тие ќе се изградат.

„За нас не е битен моделот, туку и охрид да ги добие овие објекти. Ние сме принудени да одиме на овој модел, затоа што немаме друга можност“, вели Петрески. А Дамеска пак додава дека „Преку овој облик на Јавно приватно партнерство повторно ќе се изманипулираат интересита на граѓаните во корист на една мала група луѓе блиски на градоначалникот“.

Останува да почекаме претседателот на советот, Душко Јаковчески да го закаже продолжението на 52 седница на совет, кога по однос на овие точки ќе го слушнеме мислењето и на останатите советници. Како и да е едно е сигурно на охриѓани воопшто не им е битно по кој модел ќе се гради, туку што поскоро да ги добијат долго најавуваните катна гаража и автобуска станица.  

{loadposition content9}

[

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top