Преку животно осигурување до животна заштеда. Што тоа значи, и што имате вие од ова осигурување.
Луѓето работат за иднината, за своите деца, за нивното образование. Оттука најчестото прашање кое си го поставуваат е како да ја обезбедат нивната иднина. Одговорот може да го пронајдат во животното осигурување. Навидум тежок за разбирање поим, но во суштина сепак едноставен.
Според луѓето од Граве осигурителната компанија, животното осигурување не е само инструмент за заштита, туку и начин на обезбедување на заштеда за некој иден период. Еве што значи тоа.
„Со самото тоа што сте направиле животно осигурување во одреден момент, вие имате одредена заштеда. Значи после извесно време, склучувате договор на дваесет години, парите кои сте ги вложиле се ваши, со тоа што имате добивка која осигурителната компанија, со работењето со вашите пари ја вложува во доста сигурни институции и после истекот на тој договорен период, имате одредена добивка, вашите уплати се зголемени за добивката.“-вели Билјана Коталески-овластен претставник за животно осигурување од Граве Осигурување.
Кај граѓаните често преовладува мислењето дека осигурувањето е само непотребен трошок, а покрај тоа и дека е претерано скапа инвестиција, но Коталески вели дека тоа не е ни приближно точно.
„Би кажала еден пример. Доколку секој од нас, од своите месечни примања би одвоил десет проценти месечно, секој во Македонија би можел да си дозволи животно осигурување. Нема човек кој не би можел да го направи тоа, меѓутоа проблемот е во свеста кај граѓаните. Тие мислат дека тоа е нешто премногу скапо и дека никој не може да си го дозволи.“-рече Коталески.
Доколку сепак годишната премија за животно осигурување ви е премногу скапа, тогаш Коталески вели дека постои можност за плаќање на рати и тоа две полугодишни или четири квартални. Но додава дека секој човек доколку би знаел дека после 15 години би обезбедил школување за своето дете, со пари кои би ги издвојувал постепено како премија, уште веднаш би склучил договор за животно осигурување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град