Учениците и наставниот кадар од ОУ Св. Климент Охридски го одбележаа светскиот ден на детето и учителот.
Првата недела во месец октомври во целиот свет се одбележува детската недела. ООУ Св. Климент Охридски не само што посветува огромно внимание на наставата на децата, туку и преку низа активности го одбележа 5 ти октомври – светскиот ден на детето и учителот.
Учениците од Св. Клиемент Охридски добро ги знаат своите права и обврски.
На Генералното собрание на обединетите нации беше донесена универзална декларација за детските права. Токму поради тоа, на 5 ти октомври, во ООУ Св. Климент Охридски вообичаено ги примаат првачињата во детската организација. Тие даваат свечена заклетва, а во нивна чест се подготвува свечена програма.
„ Сметам дека за детскаите права ние воздрасните мораме да ги почитуваме не само во оваа недела, туку и во текот на целата година и родителите во своите семејства, но и ние кои сме вклучени во воспитно образовниот процес чија професија директно е сврзана со децата , нивниот развој и нивното растење“, вели директор на ООУ Св. Климент Охридски, Славица Илиќ.
5 ти октормври не е само ден на детето, овој ден е прогласен и за светски ден на учителот. На овој ден наставниците најчесто ги кажуваат своите барања, за остварување на нивните права, кои воглавно се поврзани со поквалитетно образование.
„Учителите – наставниците иако зборот учители мене многу ми е драг и би сакала да се врати во училиштата се соочуваат со многубројни проблеми. Пред наставниците се поставени големи очекувања, барања, од општеството, заедницата поставува високи стандарди пред воспитно образовниот кадар. Наставниците очекуваат поголема почит од страна на заедницата, од страна на општеството поголема поддршка“, вели Илиќ.
Илиќ додава дека наставниот кадар бара да бидат поддржани како и другите професии. Тоа според неа се однесува не само на стандардот, туку и на подобрување на условите, со цел да напредуваат и тие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град