Oколу 170 вработени во образовните установи во општина охрид ќе патуваат бесплатно до своите работни места.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески и претседателот на СОНК – Регионален одбор – Охрид, Ацо Речкоски, денес потпишаа меморандум за соработка. Според меморандумот, Општина Охрид ги презема трошоците за превоз на наставниците. Но соработката не е само тоа, туку Регионалниот одбор на СОНК од Охрид и локалната со овој меморандум ја зајакнаа редовната комуникација и се обврзаа дека и во иднина сите проблеми ќе ги решаваат во духот на социјалниот дијалог и ќе преговараат и ќе се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност.
„Во однос на патните трошоци бројката изнесува околу 160, 170 просветни работници кои бесплатно ќе патуваат цала година бесплатно со патни исправи кои ги исплати синдикалната организација СОНГ Охрид“, истакна претседателот на СОНК – Регионален одбор, Ацо Речкоски.
Градоначалникот на денешната средба истакна дека потпишувањето на овој меморандум беше повеќе од неопходно затоа што на овој начин конечно се реши еден од најголемите проблеми на наставниците. Оваа соработка категоричен е градоачалникот ќе даде добри резултати кои ќе бидат пример и за останатите општини.
„Знаете дека ние технички проблеми немаме и една по една работа ги решаваме континуирано наназад години. Од овие причини сите проблеми кои се јавуваат во општините во однос на услови во образовниот процес во општините, кај нас тие проблеми ги немаме, намаме рестрикции за греење, или некои училишта да се оставени без греење, немаме проблеми со превозот, а при тоа инвестираме со сопствени сили во образовението“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Градоначалникот не пропушти уште еднаш да потсети за инвестициите на локаланата самоуправа кои ги направи минатите години во сите училишта во Охридскиот регион.
Според првиот човек на Општина Охрид за комплетно да се решат проблемите во образованието, препрека е тоа што образованието со децентрализацијата не е целосно преминато под Општина Охрид. Тој додава дека штом ќе се заврши и оваа постапка прво што ќе се направи ќе биде подигнување на платите на вработените во образованието во Охрид, затоа што трошоците за живот, постојано растат.
„Ние сакаме да имаме ингеренции повеќе и во креирање на наставната програма и во платите на професорите кои со оглед на порастот на животниот стандард и животните трошоци платите остануваат исти. Образованието е најважната работа за секоја општина и за секоја држава. Од тука тргнува се. Според меморандумот, Општина Охрид и СОНК – Регионален одбор – Охрид со воспоставување на редовна комуникација, во духот на социјалниот дијалог ќе разговараат, преговараат и ке се договорат за сите прашања кои се од нивна надлежност“, вели Петрески.
Градоначалникот е категоричен дека локалната не застанува тука, затоа што вреди да се вложува во образованието во Охрид, и како што кажа децата предводени од нашите професори, секаде постигнуваат одлични резултати на сите државни или меѓународни натпревари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град