Спорен киоск, ниту работи, ниту е отстранет

Киоскот „Кај тетка Русе“, лоциран во дворот на СОУ „Нико Нестор“, под катанец. Учебната година започна, но овој киоск сеуште не.

 |  Николоска Биљана  | 
kiosk
киоск

Катанец на врата на киоскот, „Кај тетка Русе“. Ученици, родители и дел од професорите на струшките гимназии, прашуваат зошто киоскот „Кај тетка Русе“, сместен во дворот на СОУ „Нико Нестор“, е под клуч. Телевизија ТВМ во интерес на јавноста како и да одговори на прашањето на засегнатите се сретна со сопственикот на киоскот, како и со директорот на училиштето. Сопственикот Боро Симјаноски вели дека неговиот времен објект цели 20 години работи во дворот на гимназијата. Додава дека поминале скоро пет генераци кои се хранеле во нивниот киоск и целиот тој период не се соочиле со никакви проблеми во работењето. Проблемите за Симјаноски, како што вели тој започнуваат со проектот за оградување на дворот на гимназијата.

kiosk1 „Бев известен за тоа седнавме и поразговаравме и се договоривме, после истекот на овие три години да го преместиме киоскот. Од страна на раководниот кадар ни беше речено добро но исто така ни рекоа дека ќе мора да се покрене судска постапка за да имаат оправдување за преместување. Се покрена и тоа, ние бевме на две судење, па после тоа не се одеше на судење, меѓутоа дојде пресуда да се тргне од таму киоскот. Во меѓувреме јас како сопственик на киоскот и писмено се обратив до Училишниот одбор и до директорот побарав да ме повикаат на состанок за да видиме каде да се премести киоскот во училиштето“-вели Симјаноски.

Симјаноски потенцира дека, родители и деца и него му се нуделе ако можат на некој начин да му помогнат, да разговараат со директорот, само киоскот да проработи, но очигледно актуелниот директор не е заинтересиран да направи било што проблемот да се надмине.

niko nestor„Децата, родители, учители, цело време прашуваат зошто не поченете со работа каде е проблемот, јас им кажувам, еве и сега кажувам, дрека правимеме напори нешто да се договориме, но не ми е јасно зошто не можеме да најдеме заеднички јазик. Еве јавно кажувам ако должам нешто не бегам од одговорност ќе платам, само да ми дозволат киоскот да си продолжи со работа, лево или десно, за да дава услуга на децата, затоа што тој постои заради учениците и е во нивна функција, не е за директорот или за Боро“-истакна Симјаноски.

Симјаноски објаснува дека досега се што е во врска со неговиот времен објект, преместување, уредување на просторот околу него, е на негов грб и само таа инвестиција го чинела 3 илјади евра. Во него биле вработени и три лица.
Првиот човек на училиштето Васил Максимоски во врска проблемот со спорниот киоск „Кај тетка Русе“, рече дека работите се кристално јасни.

„Тригодишниот договор во врска киоскот е истечен и се чека спроведување на извршно решение, за отстранување на истиот“-вели Максимоски.

Максимоски не остави многу простор за поставување прашања но сепак во кусиот разговор што го оствари со нас, рече дека и тој како директор не е задоволен од надлежните институции кои благовремено не реагираат и оставаат проблемите да тлеат.
Судбината на киоскот „Кај тетка Русе“е неизвесна. Па сега останува јавноста да прецени кој е виновен.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top