СДСМ започнува проект преку кој ќе го слушне гласот на народот.
Од 01 октомви 2012 год. започнува реализацијата на „Отвори врата за иднината“. Од ОО на СДСМ велат дека ова е оргинален проект на СДСМ во 21 годишното повеќе партиско искуство на Р Македонија преку кој за прв пат активистите на СДСМ во периодот од 18 до 21.00 часот ќе ги посетат сите домови ќе чукнат на секоја врата и ќе поразговараат со граѓаните.
„Ќе поразговаат поточно ќе ги слушнат нивните ставови и нивните мислења, нивните предлози. Што е она што треба да се направи за нив, што е она што треба да се направи за нивната улица што е најважното што треба да се направи за нивниот град. Ќе слушнат ќе забележат и од сето тоа ќе се изготвуваат, партиските програмски документи за наредните парламентарни избори. СДСМ покрај три месечното теренско работење, со проектот работно лето од понеделник започнува на терен со реализацијата на проектот „Отвори врата за иднината““, вели пратеникот од СДСМ Митре Велјаноски.
Велјаноски е категоричен дека СДСМ бил со народот секогаш и дека така и ќе остане во овие тешки социјални моменти за Р Македонија. Тој е сигурен дека овој проект ќе даде добри резултати, затоа што граѓаните ќе збориваат, а активистите ќе запишуваат, по што од сето ова ќе се направи програмска платформа на СДСМ, за следните локални избори во 2013 год. Велјаноски е категоричен дека кампањата ќе биде крајно позитивна и спротивна на оваа од нивниот политички противник.
„Овој проект кој започнува како вовед во кампањата е крајно позитивен проект, позитивна кампања. Спротивно на она што секојдневно го гледаме од власта која во недостаток на идеи и недостаток на реализирани проекти во услови на крајно поразувачки економски параметри во Р Македонија, се занимава само со црна кампања и самостојното протестирање на народот сето тоа го анулира со некави измислени невладини организации политички мотивирани со пари од државата од народот контра протестантите. СДСМ бил е и ќе биде партија која пред се мисли за доброто на Р Македонија“, вели Велјаноски.
Велјаноски не сакаше многу да ја коментира кампањата на ВМРО ДПМНЕ. Тој само кажа дека специјалните програми и специјалната кампања која власта ја најави за Охрид, може да биде само подземна кампања која е спротивна на она што го работи СДСМ.
Тој е сигурен во она што го започнуваат и вели дека овој проект ќе ги инкорпорира сите реални потреби на граѓаните во овој медиумски мрак кој го создаде владејачклата партија.
Пратеникот побара власта да се вразуми и да престане да троши тешко заработени пари за купување на врби и изградба на споменици. „Се поставува прашање, има ли капацитет македонската економија, и македонските граѓани сите тие задолжувања кои ги прави ВМРО ДПМНЕ да можат да се сервисираат“, додава Велјаноски.
Тој не сакаше да коментира за партиските договори, затоа што како што кажа дека дефинитевните договори сеуште не се прецизирани. Тој призна дека сега засега само е договорена начелната соработка помеѓу ДПА и СДСМ , а поединостите треба допрва ќе се прецизираат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град