ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга, на Локалните избори ќе трча со свој кандидат.
Никола Затуроски, Момчило Аврамоски и Емел Папратник се имињата на можни кандидати за градоначалник, за кои деновиве се погласно се коментира во струшката чаршија. Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација, но претседателот на струшкиот комитет Перо Петкоски, рече дека сеуште немаат официјална информација околу тоа кој се учествувал на конкурсот за градоначалничката позиција и дека сеуште од нив не било побарано никаква консултација во врска тоа. ТВМ од партиски извори дознава, дека за претстојните Локални избори, ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга ќе трча со свој кандидат, поточно со човекот што ќе ја понуди најперспективната програма за развој на градот во сите сфери. Со тоа отпаѓа една од шпекулациите дека ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ ќе настапат заеднички во Струга и Кичево, со цел во Струга да победат а во Кичево да не се дозволи прв пат да добие градоначалник што нема да биде македонец. Едно е сигурно во пресрет на претстојните локални избори кои треба да се случат март наредната година во Струга атмосферата ќе биде жешка и претстои силна битка за градоначалничката позиција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град