На нивното годишно собрание се потсетија на сите реализирани активности во текот на изминатата година. Велат дека во иднина продолжуваат со исто темпо.
Сработени активности и идни планови. Свеченост и културно-уметнички дел за заокружување на изминатата година. По стружанки, и охриѓанки од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го одржаа своето годишно собрание, на кое ги споделија и потсетија на сите реализирани активности во годинава што изминува. А имаа и со што да се пофалат.
„Многу трибини, многу активности од сите општествени сфери на живеењето. Она што сметавме дека на сите мајки, жени, граѓани на Охрид им е потребно како доедукација или запознавање со проблемите, затоа што проблемите со децата, проблемите во општеството, не се проблеми само на жените од ВМРО-ДПМНЕ, туку се општи проблеми за сите нас. Сметавме дека треба да се даде свој придонес во реализирање на некои идеи, на мајките на жените, општо за сите жени во Охрид.“-рече претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и Дебрца, Славица Јанковска.
Со активности продолжуваат и во иднина. Веќе започнале со реализација на дел од идеите, пред се во делот на едукација како треба да се однесуваат мајките, и како да се воспитуваат децата во пресрет на учебната година. Претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Даниела Караѓозоска вели преку реализација на месечните акциски планови, униите на жени од ВМРО-ДПМНЕ од сите 74 ОК, се реализирала и нејзината желба за компактност и заедничко функционирање на жените од партијата.
„Да ви кажам 100 проценти, можеби нема да ми верувате, можеби ќе звучи премногу пофалнички, меѓутоа верувајте дека максимално се трудат што мене ми е најважно. Значи некогаш има многу различни случувања околу вас кои не дозволуваат да нешто реализирате и да направите во онаа реална можност во која треба, меѓутоа мене ми е важно дека се трудат, дека сакаат, дека работат, дека секој ден имаат нови и нови членови во Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ и прераснаа во една моќна асоцијација на жени во Република Македонија.“-вели Д-р Даниела Караѓозоска-Претседател на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ.
За ова годишно собрание да не биде само работен собир, Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и Дебрца програмата ја зачини со свечености и културно-уметнички дел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град