Со Вера Надеж и Љубов успеавме да се докажеме. Ова е паролата која не води кон патот на успехот, се пофалија од Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, ОК-Струга и Вевчани. Синоќа во домот на културата „Браќа Миладиновци се одржаа годишно собрание.
Елегантни, уредни и горди, припадничките на понежниот пол на УЖ на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга и Вевчани, синоќа се собраа во Домот на културата Браќа Миладиновци и го одржаа годишното собрание. „Вечерва го заокруживме сработеното во изминатиот период, од октомври минатата година до денес“, истакна првата дама на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Струга Маре Бојчовска- Савеска.
„УЖ работеше многу преокти организираше трибини од теми, политика, образование, социјала, економија, ги негуваше тредиционалните вредности, меѓуопштински дружења, соработуваме со многу НВО, се трудиме позитивно да влијаеме во општеството“-рече Савеска.
Претседателката на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ на Македонија, Даниела Караѓозоска потсети дека унијата прерасна во една моќна организација на жени во државата. Додаде дека посебно радува фактот што секој ден има нови членки, пред се млади жени кои го трасираат патот кон политиката. Караѓозоска децидна дека залагањата на УЖ е видлива посебно во нивното делување во областа на социјалата, здравството и образованието.
„Ние сме партија која значително ги почитува сите граѓани на РМ. Македонија треба да оди напред кон нашите цели ЕУ НАТО Алијансата. Мислам дека во Струга што важи за една мултиетничка средина нема недоразбирања бидејќи растеме и живееме заедно“-истакна Караѓозоска.
На Годишното собрание на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ Струга и Вевчани, кое синоќа се оддржа во Струга имаше богата културно уметничка програма, со изведба на македонската химна од страна на Косте Костески, изведба на камерен оркестар под диригенство на Димитар Кумбароски, ревија на народни носии од различни делови на Македонија и сето тоа на крај беше заокружено со свечен коктел.
По завршувањето на сите 74 годишни собранија на Општинските Комитети на ВМРО – ДПМНЕ, традиционално во декември ќе се одржи годишна конференција во Универзалната сала, која годинава е во знакот на Јубилејното одбележување, бидејќи ќе се слави 15 години постоење на УЖ на ВМРО ДПМНЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град