Вердер казни осуммина навивачи со забрана за доаѓање на натпреварите на стадионот Везер.
Вердер казни осуммина навивачи со забрана за доаѓање на натпреварите на стадионот Везер.
Германскиот клуб ја разгледува можноста да ја прошири забраната на сите натпревари во Германија. На натпревар од Бундеслигата Вердер-Бохум, група на млади момчиња се обиде да рашири неонацистички транспаренти и знамиња.
„Не ни се потребни такви навивачи во стадионот. Овој инцидент го сфативме многу сериозно и во иднина ќе направиме се за да ги спречиме таквите инциденти.“ стои во соопштението на управниот одбор на Вердер.
Група навивачи ги спречила неонацистите да ги рашират транспарентите и после тоа осуммината навивачи беа приведени.
Освен конфликтот на трибините и на теренот се случуваа инциденти помеѓу играчите. Фудбалерот на Вердер, месуто ОЗил доби црвен картон поради удирање на противнички натпреварувач.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град