Тие ќе се осврнат на активностите кои ги спроведувале во текот на изминатата година, но и на идните планови.
Време е за осврт кон сработеното. Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, утревечер ќе го одржи своето годишно собрание. Овој редовен настан е можност за согледување на целокупните наши активности во текот на изминатата година, но и можност за претставување на идните планови.-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска.
Таа додава дека на ова годишно собрание ќе направат осврт и на целокупното дејствување на жената во рамките на партијата како и постигнатите резултати. Најави и нивно уште поактивно политичко делување.
„Како припаднички на женскиот пол кој јасно е вграден во креирање на политичкиот живот во Охрид ставаме до знаење дека не се согласуваме и никогаш нема да се согласиме со политиката на уништување на нашиот Охрид за интересите на актуелниот Градоначалник и неговиот таканаречен тим. Ќе застанеме во одбрана на исконските позиции на Охрид , во одбрана на вредностите на Охрид кои сме ги чувале, а кои се нарушени од оваа гарнитура на СДСМ во Охрид а истата цел ја има и Унијата на жени од Дебрца.“-вели претседателката на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Славица Јанковска.
Јанковска вели дека Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид и Дебрца во престојниот период со порака ќе допрат до секоја нивна сограѓанка, и ќе посочат дека на Охрид му треба промена.
„Само како жени чуватели на вистинските вредности ќе успееме да го вратиме Охрид во вистински правец, Затоа бидете убедени ќе се бориме со сета наша моќ, во секоја установа, на секое место. И ќе успееме да го смениме овој 8 годишен пораз на Охрид од овој Градоначалник и ќе го претвориме во нова победа со ново лице и тим во Охрид ! Токму поради тоа сигурна сум дека ова годишно собрание ќе преставува почеток во реализација на нашите планови за добивање на локалната самоуправа и почеток на еден нов период за поубав Охрид и Дебрца!“-рече Јанковска.
Инаку на ова годишно собрание најавено е присуството на претседателката на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ, д-р Даниела Караѓозоска, како и на државни функционери, како и пратениците и советниците на ВМРО ДПМНЕ од Охрид и Дебрца. Собранието ќе се одржи утревечер со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град