Додаваат дека тој и неговиот несопосбен тим, блокирајќи ја владината програма за вработување, ја затвориле можноста, во прво време четириесет, а потоа уште четириесет семејства во Охрид да добијат приходи во одреден период.
„Крајно неодговорен чин на градоначалникот на Охрид и на неговиот несопсобен тим, бидејќи не одговорија на програмата на Владата за вработување на невработените лица“, обвини на денешниот прес Никола Митровиќ, портпарол на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Митровиќ додаде дека во услови на глобална економска криза, неповолни економски текови, кога сo оваа програма Владата на РМ им овозможува извор на приходи на своите граѓани, охридскиот градоначалник Александар Петрески не покажал никаков интерес за тоа да помогне на своите сограѓани.
„Веројатно за Петрески нема никаква криза, ниту има некаква грижа на совест и веројатно штом не се работи за станови и згради нема интерес за ништо во Охрид. Овој чин на тотална незаинтересираност, неодоговорност и нанесување штети на граѓаните, е само продолжение на коруптивната и антиохридска политика на Петрески која ја практикува веќе осма година“, потенцира Митровиќ.
Митровиќ објасни и дека Овој крајно неодговорен чин на градоначалникот на Охрид, и на неговиот тим ја затвори можноста, во прво време 40, а потоа уште четириесет семејства во Охрид да добијат приходи во одреден период. Портпаролот потенцираше дека овој чин на неодговорност на администрацијата на Петрески, бара преземање на казнени мерки затоа што дирекно и намерно блокира владини програми.
„Треба да бидат казнети, меѓутоа ние најголемата казна ја очекуваме на претстојните локлани избори“ истакна портпаролот Митровиќ.
За крај портпаролот Митровиќ истакна дека ова е само уште еден израз за тоа дека Охрид осум години, немал градоначалник во вистинска смисла на зборот. „Охриѓани нема да го заборават овој чин на иживување на Петрески со нив и ќе знаа многу брзо да возвратат“ заврши Митровиќ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град