Причина се зачестените инциденти во и околу школите. Раководните кадри и полицијата на заеднички состанок градеа стратегија како да се надмине агресивното однесување на учениците.
Причина се зачестените инциденти во и околу школите. Раководните кадри и полицијата на заеднички состанок градеа стратегија како да се надмине агресивното однесување на учениците.
Раководните кадри од училиштата признаваат дека расте агресивноста кај учениците. Зачестените инциденти во и околу школите, се доказ дека што поскоро треба да се најде соодветно решение за спречување на ваквата појава.
Од СВР- Охрид решението го гледаат во постојаната контрола врз училиштата од страна на нивните служби. Најавуваат 24 часовно обезбедување на школите.
Раководните кадри и полицијата на заеднички состанок градеа стратегија како да се надмине агресивното однесување на учениците. Со цел да се согледа актуелната состојба и да се изнајде решение за надминување на асоцијалното однесување на учениците, денес во просториите на средното угостителско училиште се одржа состанок на советодавна група граѓани.
На него покрај директорите на основните и средни училишта и претставници од СВР- Охрид, учествуваа и претседатели на управни одбори и од ОБСЕ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град