„Охридското котле“ експресно испразето на ГАТУС 2012

Нашите ученици се вратија со три сребрени медали од овие гастрономско-туристички средби во Словенија.

 |  Мишел Наумоски  | 
kotle
котле

Успеси, успеси и само успеси. Уште еден гастрономско-туристичко успех на средношколците од Ванчо Питошески. Овој пат ја освоија Словенија на Гатус 2012, или гастрономско-туристичките средби во Ново Место. Учениците се натпреварувале во три дисциплини, и тоа послужување на маса, готварство и презентација на својот град како туристичка дестинација. Најатрактивна од овие дисциплини секако онаа каде што се подготвува храна. Целта: Да се зготви најдобро јадење во котле. Намирниците исти, условите исти. Рокот за подготвување 2 до 2 и пол часа, а нашите охриѓани импресивни.

Batkoski ugostitelsko„Јас искрено сум многу задоволен од нашите, иако освоивме сребрен медал, мислам дека требаше да освоиме злато. Котлето наше за десет минути се испразни и сите бараа уште, макаа од котлето, за разлика од тие што победија, да бидам искрен ниту десет проценти не се изеде, таму беа некои рипчиња како плашките наши во некоја чорба, не знам точно. Сега не би навлегувал во струката, сигурно жири комисијата си мислеше поинаку.“-вели Секула Баткоски-Директор на ОСУ „Ванчо Питошески“

Баткоски смета дека ваквите натпревари се одлично искуство за учениците, бидејќи се запознаваат со свои врсници, се запознаваат со програмите по кои се учи во други држави. Покрај другото, како дел од овие гастрономско-туристички средби беше и презентација на Охрид како туристичка дестинација од страна на учениците од Ванчо Питошески.

srebren medal ugostitelsko„Ученичките кои што го претставуваа Охрид сами изработија презентација, значи со сопствен труд и презентацијата на Охрид беше на едно високо ниво. Охрид е дестинација за која е многу благородно да се изготвува презентација. Значи има многу работи, а времето беше петнаесет минути, во петнаесет минути треба да се претстави Охрид со цел да се привлечат младите. Конкретно требаше да се привлечат младите до 24 години.“-рече Баткоски.

Инаку Гатус или гастрономско-туристичките средби се веќе традиционален натпревар. Годинава на Гатус 2012 учествуваа ученици од сите поранешни југословенски републики. По одржување на ждрепката, за следно место каде ќе се организираат овие средби, беше избрана Опатија во Хрватска. Па да се надеваме дека на овој натпревар, нашите ќе се вратат со три злата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top