Добредојде и со среќа на новите студенти-почна академската година

Денес охридските високообразовни установи го одржаа првиот академски час.

 |  Мишел Наумоски  | 
fakulteti
факултети

Започна новата академска година. Двете високообразовни институции во градов, Универзитетот за информатички науки и технологии-„Свети Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство „Свети Климент Охридски“ им посакаа добредојде на новите студенти. Со емотивен и мотивирачки говор, пред бруцошите од Универзитетот „Свети Апостол Павле“ се обрати претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Ivanov vo UIST„Вистинска чест е можноста да ве поздравам на првиот академски час за академската 2012/2013 година. Искрено ме радува тоа што толку многу млади луѓе одлучиле да се едуцираат за професиите на иднината. Моето мото е дека треба да создаваме иднина за младите, но и млади за иднината. Живееме во време во кое светот околу нас брзо се менува, време на современи технологии кои отвораат нови перспективи.“-рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Токму во овие зборови на претседателот логика и инспирација најдоа и новите студенти на овој универзитет.

studenti UIST„Информатичката технологија е во голем подем во овој период и затоа го избрав овој факултет, затоа што е и на англиски јазик и мислам дека е добра можност за да ми се остварат моите идни планови, да работам на некое поперспективно место и нормално да земам поголема плата.“

„Ми помогна многу тоа што ова е факултет на кој се предава на англиски јазик. Јас секогаш сакав да продолжам на некој факултет за технологии, а и мојот сон одсекогаш беше да студирам анимација.“-рекоа новите студенти на Универзитетот „Свети Апостол Павле“.

Ректорот на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, професор д-р Нинослав Марина и самиот ги поздрави своите нови студенти.

studenti FTU„Ова е почетокот на една голема авантура, вашата авантура. Во овој стадиум од вашето образование, се е возможно. Секоја врата ви е отворена, секоја оцена има потенцијал да стане вистина. Некои од вас беа привлечени од можноста да работат со професори кои не се само неверојатни научници, туку се и генијалци и се посветени во тоа да го споделат нивното знаење со идните генерации.“-вели Проф.д-р Нинослав Марина-Ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии

Вратите за овогодинешните бруцоши ги отвори и Факултетот за туризам и угостителство. Новите студенти изразија доверба во сопствениот избор.

„Се надевам дека ќе се снајдам најдобро, се надевам дека квалитетно ќе студираме, како што треба и дека ќе успееме во нашата цел.“

„Се надевам дека ќе имаме успеси и ќе имаме иднина и ќе продолжиме понатаму.“-рекоа тие.

dekanat FTUДеканот на Факултетот за туризам и угостителство, професор д-р Сашо Коруноски, вели „Новите студенти ги очекува многу работа, ги очекува фер и коректен однос од вработените во факултетот, а успесите сигурно доаѓаат.“ Додава дека интересот за овој факултет и неговите насоки и покрај големата конкуренција е константен.

„Најмногу интерес стандардно имаме за туризам и царина и шпедиција. Годинава во мирување ни беше студиската програма за безбедност и финансиска полиција. И покрај таквиот статус, целосно ги исполнивме квотите кои ни беа дадени од Министерството за образование и наука. Како новина дел од програмите годинава се четиригодишни, тоа се главните туризам, осигурување, царина и шпедиција и сметам дека со таа новина излегуваме во пресрет на барањата на студентите за четиригодишно факултетско образование.“-рече деканот на Факултетот за туризам и угостителство, професор д-р Сашо Коруноски.

Коруноски додава дека ги исполниле скоро сите слободни места во првите два уписни рока, а во третиот ќе ги пополнуваат местата од дисперзираните студии. Е, па студенти, среќно!

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top