Дали се гледа крајот на маките на жителите од улицата Мите Богоевски

Дали се гледа крајот на маките на жителите од улицата Мите Богоевски. Тие години наназад голтаат прашина и газат во кал до колена поради неасфалтираната улица. Од Локалната ветија дека есенва ќе биде решен овој проблем.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ulica
улица

 

 Наближува есента и есенските дождови, а со тоа започнуваат маките на граѓаните кои живеат на дел од улицата Мите Богоевски. Кракот на оваа улица години наназад не е асфалтиран иако се наоѓа во центарот на градот веднаш позади општинската зграда.

Жителите од овој дел на градот повеќе пати алармирале за својот проблем до Локалната самоуправа од каде им рекле дека улицата неможела да се асфалтира поради градежните зафати кои се вршеле на истата. На овој крак во изминатите години интензивно се граделе неколку стамбени објекти, а се гради и новиот дел од општинската зграда така што повеќе пати улицата била прекопувана со цел да се постави нова канализациона и водоводна мрежа на која би се приклучиле новите објекти. Зоран Шикалоски од Одделението за комунален развој велат дека за брзо време ќе завршат маките на граѓаните кои живеат токму таму.

Шикалоски објаснува дека одкога ќе се завршат работите околу новата канализациона и водоводна мрежа ќе се премине кон целосно асфалтирање на овој дел од улицата Мите Богоевски. Тој ветува дека тоа ќе се направи пред да започнат обилните есенски дождови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top