Нова учебна година – стари проблеми

На стартот на новата учебна година, се потсетивме на старите проблеми на општинските училишта.

 |  Маленкова Татјана  | 
parno greenje SV. Kliment Ohridski
парно греење СВ Климент Охридски

И покрај желбите на раководствата на училиштата, сепак локалната на проблемите треба да им пристапува по приоритет. Советот на родители, родителите, учениците и наставниот кадар од ООУ Св. Климент Охридски подолго време алармираат дека имаат проблем со греењето во ова училиште. И покрај тоа што се троши неопходната количина на нафта, сепак во училниците не се постигнува оптималната температура за нормално изведување настава.

„На инсистирање ме од советот на родители но и од самите наставници и ученици  веќе неколку години parno greenje SV. Kliment Ohridskiнаназад имаме проблем со затоплувањето на просториите, така да некои температури кои се покажаа со мерењето не се задоволителни, поточно неможат да ги задоволат основните критериуми за одржување на наставата.  Како училиште повеќе пати аплицираме со проект за промена на дограмата со цел да се подобри таа ситуација, но за жал досега не успеавме да дојдеме до матријални средства“, истакна директорката на ООУ СВ Климент Охридски, Славица Илиќ.

Илиќ открива дека во неколку наврати ги информирала надлежните во локалната за проблемот кој го имаат со греењето во училиштето. Од таму пак добиле ветувања дека ова училиште е влезено во планот на општина Охрид, за промена на дограмата во училиштето.  
Но, повеќе од очигледно е дека проблемот со греењето во Св Климент, не е резултат само на дотраената дограмата. Стручните лица велат дека за годинава да се надмине проблемот ќе треба да се променат пумпите од парното греење , затоа што го немаат потребниот капацитет, спрема просторот кој го загреваат.

„За жал годинава немавме доволно средства за да интервенираме во Св. Климент. Со новиот буџет ќе parno greenje SV. Kliment Ohridskiпредвидиме средства за комплетна промена на дограмата во Св. Клиемнт Охридски, но таму најверојатно имаме проблем и со парното. Дали со капацитетот на постојните котли бидејќи и тие се застарени, секако прво треба да направиме сондажа и да побараме стручно мислење за капацитетот на пумпите и ако е потребно секако локалната ќе инвестира дали во промена или во санација на парното греење“, вели раководител на одд. За образование, Серафим Наумоски.

Наумовски вели дека деновиве ќе испратат стручни лица кои ќе извршат испитување на капацитетот на пумпите од парното и доколку се покаже дека навистина најголемиот проблем е во нив, тогаш веднаш ќе се реагира и или ќе се поправат или набават нови.
Раководителот на секторот за образование открива дека не само во Св. Климент, локалната предвидела инвестиции во сите основни училишта во Охрид кои ќе се реализираат дел по дел.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top