Енерџи Котбус го суспендираше и парично го казни македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митрески, поради критики кон тренерот на овој последно пласиран тим во Бундес лигата.
Енерџи Котбус го суспендираше и парично го казни македонскиот фудбалски репрезентативец Игор Митрески, поради критики кон тренерот на овој последно пласиран тим во Бундес лигата.
Митрески, во интервју за германскиот магазин „Кикер“ објавено денеска, го критикуваше тренерот на Котбус, Словенецот Игор Прасникар, поради тоа што го држи на клупата за резервни играчи.
Тој додаде дека има лоша атмосфера во екипата, а играчите не се добро физички подготвени, што резултирало со порази поради неколку примени голови во последните минути од натпреварите.
„Тренерот ме извади од тимот по првиот натпревар (пораз од 0-3 од Хофенхајм) и на разговара со мене еден месец“, изјави Митрески.
Тој потврди дека играл лошо на тој натпревар, но, наведе дека „другите играчи, исто така, прават грешки,а некои од нив секогаш се првиот тим, без оглед на нивните настапи“.
Митрески (29), кој е стандарден член на македонската фудбалска репрезентација, најави дека е подготвен да го напушти клубот од Котбус.
„Минатата сезона одиграв 32 натпревари од почетокот, но, не ми е јасно што се случува сезонава. Можеби нема веќе потреба од мене’, изјави Митрески.
Поради јавно изнесените критики, управата на германскиот бундеслигаш Енерџи Котбус го суспендираше Македонецот и му изрече парична казна од 10,000 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град