Научна студија за Пештани меѓу најдобрите на олимпијада во Варшава

Научна студија за Пештани изработена од Кирил Константиновски,меѓу најдобрите на олимпијада во Полска.

 |  Маленкова Татјана  | 
naucen trud
научен труд

Кирил Константиновски Пунтос , македонец кој живее и учи во Полска, меѓу најдобрите на 38-та олимпијада по географина во Варшава – Полска. Тој со својот истражувачки труд, кој е посветен на Пештани, со најголем број бодови, влезе во финалната фаза од олимпијадата, на која учествуваа повеќе од 100 000 трудови во Полска. Тема на научниот труд на Костантиноски се промените на околината на Пештани и неговото постепено трансформирање од рибарско село во познато туристичко место.

„Темата опфаќа геолошки анализи, а анализите се така воведени што ги поделив на наколку сегменти и Cyril Kostantinovski Puntosмеѓусебе сите релации кои доаѓаат испреплетени во однос на тој главен поим за менување на таа геоструктура на теренот, во областа на таа архитектура што веќе се шири и туризмот кој почна да доминира го избрав тоа затоа што сакав да направи подлабока анализа за промоцијата на овој терен“, вели авторот на трудот Кирил Константиновски Пунтос.

Овој голем успех на Константиновски и покра тоа што е трета година му овозможи да добие слободен индекс, а со тоа и покрај тоа што е ученик веќе е и студент на својот избран факултет. Ова значи дека без да полага приемен испит може да оди на кој факултет сака.

„Јас се интересирам за географија и геофизика поточно за природни науки. Сега сум среднашкола и имам уште една година за на факултет и мислам дека ќе одам на природнотехнички факултет. Уште незнам каде ќе одам мислам дека тоа ќе е Полска, а после сакам да дојдам тука“, вели Константиновски.Pestani

Костантиноски и покрај тоа што потекнува од Македонија, во земјава доаѓа по трет пат доаѓа во Македонија. Тој не го криеше воодушевувањето од природните убавини на околината на Пештани и националниот парк Галичица. 

Трудот за Пештани  Костантиноски истакна дека го изработил со помош на секторот за туризам и локален економски развој и НУ Национален парк „Галичица“. Податоците и потребните матријали, интервуата со мештаните од Пештани и испитувањата на теренот ги набавил при неговиот минатогодишен престој во Охрид. Константиновски откри дека веќе планира нови истражувања во Македонија, со кои ќе се натпреварува на слични натпревари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top