Денеска се навршја три години од бродската несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи.
Со полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на жртвите од бродската несреќа, денеска во Охрид се одбележа тригодишниот помен за настраданите од несреќата со бродот „Илинден“. Во спомен паркот и пред плочата изградена од камења извадени од Елешец, местото каде што се случи трагичниот настан, почит на жртвите им оддадоа делегации од општина Охрид, Бугарската Амбасада во земјава, здружението „5 септември“, од Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, како и двете лекарки Гордана Димитриќ и Жаклина Спасиќ кои сосема случајно се затекнаа на местото на насреќата и им укажуваа помош на настраданите, за што вчера добија благодарници од градоначалникот Александар Петрески.
Три години од трагичната несреќа, според амбасадорот Петков е и долг и кус период. Многу време затоа што времето тече, а нешатта се променуваат, а сепак болката која се чувствува е многу силна, а тагата неможе да се заборави. Бугарскиот амбасадор истакна дека и покрај тоа што судскиот процес за оваа трагедија заврши, тие не се задоволни од пресудите кои беа донесени.
„Кај нас има големо разочарување поради пресудите, затоа што сметаме дека се многу благи спрема тежината делото. Понатака кави начини ќе бидат превземени за решавање на проблемот спрема сериозноста на пристапот неможам да ви кажам, затоа што јас сум дипломат, а тоа е работа на правниците. Охрид е привлечен град за многу, многу туристи, поради што оваа работа треба да се разгледа многу сериозно на еден професионален начин, за да може да се гарантира дека вакви трагедии повеќе нема да се случуваат“, истакна Амбасадорот на Бугарија во Р Македонија, Иван Петков.
Од Здружението на граѓани „5 ти септември“, кое беше формираше по бродската несреќа велат дека сите актовности кои ги зацртале како здружение, ги реализирале во целост. Сашпо Алче член на 5 ти септеври вели дека основната цел на здружението беше овој немил настан да ги зближи луѓето, а не да ги раздели. Доказ за ова е и блискоста на Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, која разултира со многу меѓусебни активности.
„Изградба на спомен паркот заедно со локалната самоуправа и Ротари клубовите од Охрид и Пирдоп, минатата година беа дојдени и роднините од трагично загинатите. Еве и ова година го одбележуваме онака како што треба. Во секој случај ние како здружение за она што се формиравме добро се организиравме и добро ја завршивме работата и помогнавме во делот на намалување на болката на роднините и пријателите“, вели преставникот на здружението на граѓани „5 ти септември“, Сашо Алче.
Годинава на поменот за жртвите од бродската несреќа иако поканети не присуствуваа роднините на трагично загинатите.
На петти септември 2009 година, потона бродот Илинден при што од 56 те туристи од Бугарија кои оделе на излет до Свети Наум, за 15 патот заврши кај автокампот Елешец на 200 метри оддалеченост од брегот.
Три години по несреќата преживеаните ја тужат Република Македонија барајќи надоместок за преживеаниот страв и болка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град