Искривен билборд

Накривен билборд ја грди Туристичка во близина на Пентекс. Жителите стравуваат дека всушност тој е и опасен и во секој момент може да падне.

 |  Николоска Биљана  | 
bilbord
билборд

На булеварот Туристичка во близина на Пентекс, неколку дена надвиснува искривен билборд кој може да падне секој момент. Жителите од блиските куќи до билбордот, не сакаа да коментираат пред нашата камера, но предупредија дека местото е фрекфентно и од тука поминуваат и деца кои учат во О.У. Братство Единство, кое е во непосредна близина. Според нивните искази блибордот настрадал од патнички автобус, а тие  не забележале дека некој од надлежните излегол на терен да јаbilbord согледа фактичката состојба и да направи некаков записник.

Одобренијата за поставување билборди ги дава општина Охрид. Зоран Шикалоски од одделението за сообраќај и комунален развој рече дека не бил запознат со овој проблем, но доколку сметаме дека билбордот е опасен, ни сугерираше да се обратиме до раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, кој за ваква состојба бил надлежен да издаде налог за отстранување на билбордот. Танасоски пак, рече дека уште во текот на вчерашниот ден бил издаден налог за подигање на билбордот и очекува до крајот на неделава истиот да биде отстранет. Во меѓувреме додека надлежните не си ја завршат обврската, охриѓани нека бидат повнимателни за сопствената безбедност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top