Децата и екологијата

За значењето на планетата земја треба да се знае од рана возраст.

 |  Николоска Биљана  | 
zelen paket
зелен пакет

Промовиран Зелениот пакет за јуниори. Тоа е прирачник за екологија, кој зборува за подигање на јавната свест од рана возраст, истакна Министерот за просторно планирање и животна средина Абдулаќим Адеми. Неговата примена ќе биде во основното образование како изборен предмет со интенција да премине во училишен предмет, додаде министерот.

ademi„Ние како министерство и понатаму ќе соработуваме со канцеларијата на РЕЦ и со другите институции се со цел овој пакет да биде потполно искористен од наставниците и училиштата, вели Адеми.

Зелениот пакет за јуниори е изработен во тесна соработка со Министерството за образование и наука. Целта е јасна, подигање на свеста кај младата популација односно во основното образование, се тоа презентирано преку наставниците кои се обучуваат на семинарите од ваков карактер, потенцира заменик министерот за образование Сафет Незири.

„Во стариот пакет веќе се предвидени во некои наставни единици во новите учебници и се надеваме дека во иднина при печатење на новите учебници ние ќе планираме да бидат инкорпорирани и теми од оваа обука кои ќе ја добијат учениците преку наставниците“-изјави Незири.

ademiiiiЗа значението на Зелениот пакет за јуниори и потребата од негова изработка, кажа директорката на Регионалниот центар за заштита на Животната средина Катарина Георгиевска.

„Зелениот пакет јуниор е мултимедијална алатка која што содржи повеќе делови и не е наменета за користење од страна на учениците туку е за прирачник за примена на наставниците“-вели Георгиевска.

Зелениот пакет за јуниори и неговата содржина, своја примена може да најде во повеќе предмети од образовниот систем, како што е тоа биологија, географија, па дури може да се зборува и на  одделенските часови.  Вклучени  се сите училишта во земјава и досега обучени се околу 700 наставници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top