Реновирана сала, нерешен меч

Во Струга се одигра пријателски натпревар во фудбал помеѓу екипа на општина Струга и екипа на ЈуЕнДиПи. Повод за тоа е реновирање на дел од општинската училишна сала, која е предадена на користење на гимназијата „Нико Нестор“, како и на членовите на сојузот на спортови „Софка“.

 |  Николоска Биљана  | 
merko
мерко

Струшките општински функционери за кратко ги соблекоа своите официјални оддела и облекоа дресови. Причина за тоа пријателскиот меч во фудбал помеѓу општината и екипата на УНДП, а повод за натпреварот реновирање на дел од општинската училишна сала на струшката гимназија „Нико Нестор“. Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека во спортот нема пораз, само победа. Додаде дека реновирањето на салата било неопходно, за што и помошта од 700 000 денари од УНДП  била добредојдена.  

„УНДП помогна со средаства а општината со работна рака“-вели Мерко.

fudbalЕкипата на УНДП, беше во добра  кондиција. Нивниот претставник Александро Фергасети, рече дека спортот за нив имал голема симболика, значел толеранција, почит или со еден збор спортот не обединува.

„Она што нас ние најважно е што успеавме повторно да ја ставиме во употреба салата која што беше уништена и знам дека ја користат повеќе од 1 000 лица. Фудбалот е тука само за забава а она другото е најважно“-истакна Фергасети.

Добро наострени за фер плеј меч, беше и од домаќинската екипа. Дел од општинскиот состав беше и тренерот на „Шкендија“, Артим Шакири, некогашен врвен фудбалски мајстор. Тој после долги години пауза се враќа на терен во Струга и потенцира дека иницијативата за средување на спортските терени во Струга е повеќе од добра и одговорните треба повеќе да се насочат кон тоа.

fudbal1„Услови има за тоа, значи да се работи на спортски сали, фудбалски терени и други игралишта во Струга, затоа што Струга е еден од најидеалните градови за спортување и иа простор за градба на такви терени, за жал не се инвестира толку многу како што се инвестира во други градови“-вели Шакири.

И долгогодишниот претседател, тренер и спонзор на женските ракометарки на „Стружанка“, Др. Јован Трпеноски укажа дека уште многу треба да се направи за обезбедување на услови за спортот во Струга. Тој рече, секоја чест на луѓето кои помогнаа за да се почне од некаде и вистинско чудо е како досега успевале 30 години да се оддржат во спортот не само како клуб, туку и со резултати.

„Ова е само мал чекор ова не е доволно морам да бидам искрен треба посебно санитарниот чвор и кровот да се среди тоа се двете болни точки бидејќи се работи со деца со млади каткегории. Гревота е што имаме клубови кои ја користат оваа сала најмалку 4 клубови покрај учениците и што е најважно постигнуваме успеси“-смета Трпеноски.

Натпреварот заврши нерешено. Останува да видиме и да го држиме за збор струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој кажа дека за брзо време ќе се реновираат помошните простории, соблекувалните, како и санитарните јазли во спортската сала на гимназијата „Нико Нестор“, како сепак еден спортски објект би бил комплетно реновиран онака како што заслужува.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top