Канцеларијата на струшката пратеничка Лилјана Затуроска, мост за соработка помеѓу граѓаните и институциите. Во неа речиси секој петок и лично е присутна пратеничката, која континуирано остварува средби со граѓаните на општина Струга, за да ги сослуша нивните барања, идеи а секако и проблеми.
Поплаките за невработеноста, најбројни во бележникот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Струга. Од досега остварените средби помеѓу граѓаните и пратеничката, стружани најмногу од неа бараат да им го реши егзистенционалниот проблем односно вработувањето. Затуроска кажа дека нејзината пратеничка кацеларија во овој дел не може да излезе во многу во пресрет, но работи на процесуирање на нивните барања до институциите надлежни за тоа.
„Во изминатиот период начинот на кој што ги решававме нивните проблеми, беше, да ги земаме нивните проблеми, идеи, да видиме кои институции треба да ги повикаме и на јавна расправа тука во Струга повикувајќи ги надлежните лично да им одговорат на нивните барања и проблеми. Граѓаните на Струга се инвентивни и доаѓаат со добри многу добри идеи и како и на кој начин треба да се решаваат проблемите во Струга и сите нивни барања кои што преку законите во собранието можиме да ги имплементираме најдуваат место и им излегуваме во пресрет како пратеници – истакна Затуроска.
Во пратеничката канцеларија на Затуроска доаѓаат и многу проблеми од социјалната сафера, за состојбата со семејното насилство, посебно од ранливите категории на граѓани. „Не ретко се случува граѓаните да ме прашаат зошто во Струга нема социјални станови“, вели Затуроска. Додаде дека во тек се преговорите со ресорното министерство.
„Навистина имаше многу побарување за социјални станови во Струга и ние веќе имаме разговарано со МТСП во иднина да се излезе во пресрет на барањето на стружани и јас искрено верувам дека ќе се најде сила и можност и тоа прашање да се земе во предвид и да се реши во позитива на барањето на граѓаните на Струга“-рече Затуроска.
Затуроска посебно ја поздрави идејата на Владата, која според неа најде слух за доделување на локација за технолошко развојна зона во Струга. Со тоа и ширум ги отвори портите за нашите но и странските инвеститори, да изградат тука објекти каде околу 2000 граѓани ќе се вработат, секако граѓани на општината, додаде таа.
„Во мојата канцеларија имаше дојдено луѓе кои што се интересираат за инвестирање во Струга, конкретноо во технолошки развојната зона и мојата задача беше да ги поврзам со централата“.
Затуроска забележува дека сеуште се чувствуваат последиците од наследената состојба, како што е т.н. матна транзиција и затворањето на фабриките, по што голем број луѓе останаа на улица. И за крај сублимира дека Владата преку разни механизми и проекти настојува да ги реши бројните социјални проблеми преку својата програма и верува дека чекорат по вистинскиот пат за обезбедување на подобро утре на сите граѓани во земјава.
{loadposition cotent9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град