И лебот поскапува

Поскапува и основниот производ во исхраната на мекедонецот – Лебот.

 |  Маленкова Татјана  | 
leb
леб

Новата цена на лебот која за многу скоро ќе ја обелоденат пекарите, е резултат на серијата зголемувања на цената на пченицата, горивавата и електричкната енергија. Ѓраѓаните во шок. Се чудат како ќе се соочат со новите цени, кога и досега едвај врзуваа крај со крај.

Ѓраѓаните си ги глeдаат своите проблеми, а пекарите пак своите. Претседателот на  Мeлничко пекарско lebздружение „Пекар“ – Охрид, каде членуваат производителите на леб и бели печива од општините Охрид, Дебрца и Струга, Љупчо Настоски вели дека се принудени да ја зголемат цената на лебот доколку сакаат да продолжат да работат.  Тој додава дека изминатиов период по серијата поскапувања на житото, поточно брашното,  струјата и горивата едвај успевале да ги покријат основните трошоци, а при тоа да не работат со загуба.  

„ Пченицата која е основен артикал за производство на леб во 2011 година ја набавуваме од 12 до 13 денари по килограм што истата сега се набавува од 15 до 17 денари и нормално процентуално кога би гледале тоа е околу 30 % зголемување на трошоците, што повлекува поскапување на лебот. Како втор фактор за поскапување на лебот електричната енергија  и нормално горивата“, вели Претседателот на  Мелничко пекарско здружение „Пекар“, Љупчо Настоски.  

Зголемувањето на цената на пченицата, струјата и горивата,  не се единствени причини поради кои лебот ќе Ljupco Nastoski добие нова цена. Пекарите стравуваат  и дека пченицата ќе ја нема во доволни количини поради што истата ќе мора да се увезува.

„Оваа година имаме и послаб принос на пченица, односно насадени се 30 % помалку површини од мината година.Со тоа што ќе мора да се увезе пченица и самиот увоз ќе допринесе да се поскапи лебот и белите пецива. Ако се рачуна дека поскапувањето на пченицата е 30 % и другите артикли за проеизводство, милсам дека околу 30 % би требало да поскапи и лебот“, вели Претседателот на  Мелничко пекарско здружение „Пекар“.

Настоски додава дека за многу скоро време здружението ќе одржи состанок, на кој членовите ќе дискутираат за проблемите со кои се соочуваат поради економската криза, по што ќе донесат заклучок како да произведуваат и продаваат леб , со што народот ќе биде задоволен и со квалитетот и со цената.

Претседателот на Мелничко пекарското здружение „Пекар“ , признава дека некои членови на здружението кои произведуваат индустриски, а н домашен леб, и досега сакајќи да опстанат на пазарот биле принудени за да не ја зголемат цената на лебот, ја намалувале грамажата.
Дека пекарите навистина се соочуваат со проблеми во работењето, зборува и фактот што од 2006 год. Од кога е формирано здружението поради нерентабилно работење 11 производители згаснале и од 40 регистрирани производители на леб и бели печива од општините Охрид, Дебрца и Струга, сега работат 29.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top