Отворен ден во СВР Охрид

Охриѓани се сретнаа со министерката Гордана јанкуловска.

 |  Маленкова Татјана  | 
SVR Ohrid
СВР Охрид

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, денеска одржа отворен ден во СВР  –  Охрид. Целта на проектот со кој граѓаните директно се среќаваат со министерката за внатрешни работи е во рамки на стратешката определба на министерството за транспарентно работење.

„Ваквите посети се секогаш една добра можност за да размениме мислење и информации околу тековни minister za vnatresni raboti vo SVR прашања, а кога станува збор за Охрид  секако дека во периодот на летото и туристичката сезона интензитетот на движење на патници, интензитетот на посетители е значително поголем отколку во остатокот на годината, па така денеска имавме моженост да ги погледниме и статистичките податоци кои споредени со оние од минатите години се охрабрувачки, односно ефикасноста е повисока, а бројот на регистрирни кривични дела е понизок, што зборува за добра реорганизација на полизијата“, истакна министрката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Министерката Јанкуловска додаде дека за време на летната сезона поради зголемениот број на посетители во Охрид и  стапката на криминалитет во просек расте околу 20 % , но добро е што најголем дел од сите прекршувања навремено се расчистуваат, што е добра порака и за граѓаните, но и за туристите.

Присуството на министерката Јанкуловска новинарите го искористија и да ги расчистат шпекулациите кои се однесуваат на законот за бранители.

„Според моите информации пратеничката група го понесе законот и сега по однос на постапката сепак тоа minister za vnatresni raboti vo SVRе процедура која е регулирана со деловникот за работа на собранието и Можеби е најдоодветно телата за работа во собранието да дадат свое видување по однос на динамиката и судбината на зконот. Јас немам такви информации на кои вие се повикувате и би ве упатила да ја проверите информацијата со тој што ви ја дал“, додава јанкуловска.

Инаку денеска на отворениот ден во СВР, граѓаните го искористија присуството на министерката Јанкуловска за да и се доверат за своите проблеми.  Имаше граѓани кои се со потекло од Македонија, но се странски државјани, па бараат начин да ги остварат своите права во Р Македнија,  а имаше и жители од Охрид кои се пожалија за проблемите со вадење на документи, но и такви кои укажуваа за работата на полицијата. „Понекогаш и критики кои се добредојдени, доколку се работи можно е да се направат одредени пропусти, но тука сме пропустите да ги корегираме“, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

{loadposiotion content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top