Љубе Бошкоски синоќа во Охрид

Синоќа голем број охриѓани го дочекаа екс Министерот за одбрана Љубе Бошкоски. На трибината Бошкоски се осврна на полтичките случувања во земјава.Сеуште не одлучил за претседателската кандидатура.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ljube Boskoski
Љубе Бошкоски

Синоќа голем број охриѓани го дочекаа екс Министерот за одбрана Љубе Бошкоски. На трибината Бошкоски се осврна на полтичките случувања во земјава.Сеуште не одлучил за претседателската кандидатура.

Поранешниот министер за одбрана, Љубе Бошковски синоќа одржа трибина пред  граѓаните на Охрид. Во преполната сала на Центарот за култура, покрај преставници од ВМРО НП видливо беше и присуството на социјалдемократите, а мал  беше бројот од ВМРО ДПМНЕ.  Бошковски зборуваше за актуелните политички случувања во Македонија, а прозборе и за  односот со владејачката ВМРО ДПМНЕ кон која упати и критики. Истакна дека  амбициите ги црпи од контактите  со народот.

Ljube BoskoskiВо изминатиов период ја сондирал  состојбата  во земјата. Време е да ги изнесеме проблемите со кои се соочува народот и да ги решиме на демократски начин. Екс министерот за одбрана Бошкоски сеуште не решил дали ќе се кандидира за претседател. Доколку политички се активирам не верувам   дека  ВМРО ДПМНЕ на која  и припаѓам како партија  нема да застане зад мене, истакна Бошковски.

Тој рече дека сака да биде обединител, а не разединител на партијата. Бошковски истакна дека има своја визија за Република Македонија и  доколку одлучи да се врати на политичката сцена ќе работи на нејзино остварување. Трибините кои  ги  практикува се граѓански и сака да им се оддолжи  на сите  кои му даваа  поодршка додека беше во Хаг. Најави продолжување на  средбите со граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top