Тој истакна дека универзитетот е подготвен за новата академска година.
Министерот за образование Панче Кралев во посета на Унивирезитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Целта на посетата на министерот, да се направи увид во резултатите од првиот уписен рок. Кралев позитивно изненаден од интересот кој идните студнети го покажуваат за оваа високобразовна институција. Тој истакна дека генерално оваа година интересот за изучување на техничките науки од страна на студентите во Македонија е навистина голем. Инаку Универзитетот „Св. Апостол Павле“ оваа година кадровски ќе биде засилен со уште тројца нови професори од САД.
„Меѓународната соработка со „Норвич“ Универзитетот од САД се одвива тековно и очекуваме во текот на годината да заврши со воспоставување на центар за борба против cyber attacs и со формирање на cyber cecurity center во универзитетот што е еден многу добар показател за интензитетот на соработката помеѓу двата универзитети“ истакна министерот Кралев.
Во врска плановите на Универзитетот за тековната академска година проговори и неговиот нов ректор, Проф.Д-р Нинослав Марина. Станува збор за реномиран научник од областа на телекомуникациите и информатичките технологии, кој планира своето богато искуство стекнато на Универзитетите во Принстон – САД, Универзитетот во Осло, Универзитетот во Хаваи, потоа Швајцарскиот Федерален Институт за Технологии во Лозана и Нокиа, да го пренесе токму на овој универзитет. Проф. Марина истакна дека негова визија е овој универзитет да добие лидерска улога во научно-истражувачката и наставната дејност во регионов.
„Тоа ќе го направиме со привлекување на квалитетни професори од странство, но и од република Македонија. Мислам дека ова е еден голем предизвик за мене да го направам универзитетот да биде поактивен, да биде поприсутен во јавноста во РМ, а и пошироко“ истакна Проф.Марина.
Инаку на Универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид, единствениот специјализиран универзитет за изучување на информатичките науки, за првиот уписен рок имаше триста слободни места на факултетите за изучување на Безбедност на компјутерски мрежи, Компјутерско системско инжинерство, Мултимедија и визуелизација, Машинска интелегенција и роботика, како и најновата студиска програма Дигитална и бизнис информатика.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град