Успех на моторџиите од М.К. „КЈ АНТЕНИНЕ“

Од четвртиот и петтиот Шампионатот на Македонија во ендуро за сезната 2012, кој се одржа во Лазарополе тие се вратија со две признанија.

 |  Голабовски Крсте  | 
motordzija
моторџија

Прв настап и успех. Охридските моторџии од Мото клубот КЈ АНТЕНИТЕ, од Шампионатот на Македонија во ендуро „Ендуро Лазарополе 2012“,се вратија со два пехари. Иако клубот е регистриран на почетокот на овој месец, сепак неговите членови неорганизирано возеле многу одамна, користејќи ги терените на околните охридски планини. Дејан Петрески, претседателот на клубот, објасни како клубот го добил своето интересно име.

motordzija„Идејава за клубов е оригинална, таму научивме сите да учиме крос што возиме и ендуро мотори, на тој дел кај антените, тоа е над Лакочереј и така дојде името КЈ АНТЕНИТЕ“, објаснува Петрески.

Инаку натпреварите во ендуро се многу слични на Дакар рели трките, кои се карактеризираат со пронаоѓање знаци на одреден терен, како и брзинскиот испит, објаснува претседателот на клубот Петрески. Тој потенцира дека со оглед на фактот што за нив како клуб ова е прв официјален натпревар, резултатите се големи. Јовче Ставрески – Јавус се врати дома со освоено трето место во Е1 класата, а клубот го освои второто место – екипно. Инаку станува збор за многу ризичен спорт, вели Петрески каде трките завршуваат со голем број повредени учесници. Но финансиските проблеми ги пратат како сенка од самото формирање на клубот,  додава Петрески.

motordzija„Трошоците ги покриваме сами, кој како ке се снајде. Ова е многу скап спорт. Само за опремата за заштита од повреди се потребни околу 1000 евра, која е потрошен материјал која треба да се заменува, а да не зборуваме за сервис на моторите, потребни се инвестиции а во моментов тоа се финансира индивидуално од наша страна“ објаснува претседателот на клубот.

Членовите на клубот се обиделе да најдат помош преку спонзори, но со оглед на фактот дека не се афирмиран клуб, тоа одело малку потешко. Се надеваат дека овој нивен прв голем успех ќе придонесе да се слушне за нив и нивниот сериозен пристап кон овој спорт што ќе биде од голема помош во решавањето на финансиските проблеми. Моментално мото клубот брои десет активни членови, има свој претседател, секретар како и претседател на техничката служба. Нивен следен предизвик е ендуро натпреварот кој ќе се одржи во Виница кон крајот на месец септември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top