Струга во борба против педофилијата

Струга отпочнува кампања против педофилијата. Носител, Невладината организација „Езерка“. Кампањата ја поддржуваат речиси сите релевантни институции во општината, како и народната избраничка во Советот на Р. Македонија, Лилјана Затуроска.

 |  Николоска Биљана  | 
ezerka
езерка

 

Насилството врз децата од ден на ден е се поголемо. Оваа појава ги загрижува од НВО „Езерка“, па токму затоа од денес влегуваат во агресивна кампања, Стоп за сите злоупотреби што се случуваат врз децата. Драгица Павлеска Попеска, претседателот на Езерка, ја поздравува одлуката на Владата за контрола на интернет провајдерите и изјави дека максимално ќе се вложат во борба против ова зло.

dragica„Сакаме да ги надминиме сите стереотипи, предрасуди и тредиции, со посебен осврт да апелираме кон сите родители, бабите, дедовците и сите оние кои што познаваат како се работи на интернет а посебно до просветниот кадар, да поведат рачун што прават нивните деца по интернет сајтовите, каде се ги давааат податоците,како би се спречила злоупотребата од детска проституција и порнографија“.

Злоупотребата на децата е сериозен проблем и секој ден слушаме дека има по една жртва на некаков облика на насилство, вели Др. Станислав Буклиоски. Додава дека тоа е жалосно и не треба пред овој проблем да се седи со скрстени раце. Др Буклиоски од стручен аспект кажа дека педофилите се луѓе кои пред се доживеале една таква траума во детството.

 „Тоа се образовани луѓе кои што уживаат авторитет во семејството во околината и точно тоа го користат за перфидно да се инфилтрираат и тоа значи нивната надмоќ и таквото однесување да го пренесат врз децата кои што се немоќни и незнаат да се одбранат од се тоа. Се работи за болест и за таквата особа трба третман“.

kampanjaКампањата против злоупотреба на децата максимално ја поддржува Лилјана Затуроска, пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. Таа вели мора да се изнајде начин како да се надминат овие проблеми. Посебно тука ги посочи мерките за превенција кои ги презело Министерството за труд и социјална политика, но и улогата на невладиниот сектор кој е продолжена рака или коректор во изнаоѓањето на механизми за тоа во која насока би можеле да се решат проблемите

„Ние во парламентот посветуваме многу внимание на овие проблеми бидејќи знаете дека децата се нашето најгоелмо богатство и иднина“.

Од она што досега го имаат сработено во Езерка, неколкуте анкети, покажуваат дека граѓаните најостро ги осудуваат педофилите, дури некои од нив предлагаат и смртна казна, а хемиската кастрација ја посочуваат како неминовна, велат струшкиот невладин сектор.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top