Сограѓанка го исплатила долгот на кредитна картичка, преку извршител, но парите не стигнале до банката доверител.
„Не знам каде веќе да се обратам“. Вака отпочна разговорот со Весна Петреска која се обрати до нашата редакција, немоќна да се справи со проблемот со кој се соочува веќе цели 5 месеци. Имено, како што кажа Петреска, поради долг на кредитна картичка, постапката стигнала до извршител. Година и два месеци, извршителот, секој месец повлекувал една третина од платата на нејзиниот сопруг, со цел да се исплати долгот кон Шпаркасе банката. Петреска вели дека тие го подмириле долгот кон банката но парите не стигнале до доверителот. Од вкупно 97 000 денари колку што му биле одбиени од сметката на сопругот на Петреска, од страна на извршителот, во банката била трансферирана минимална сума на средства. Тука веќе на површина излегува проблемот.
„Од кога на мојот сопруг му ги запреа парите, сакавме да подигнеме кредит, од Тутунска банка му кажаа дека должи и дека во Шпаркасе не се внесени пари. А извршителот не внесувал пари имал внесено само една рата и на крај ни рекоа барајте го извршителот, кај да го бараме кога е починат. Има два месеци ни велат за 10 дена ќе почни заменикот но никако да почне“.
Канцаларијата на извршителот, сега покојниот Маријан Деребан, веќе не работи. Според информациите од Комората на извршители до кои дојде ТВМ, во врска случајот на Петреска, ќе треба да почекаат додека почне со работа новиот извршител Димитар Стаменоски, кој е именуван од страна на Министерството за правда. Стручниот соработник од комората, Снежана Пижевска, ни објасни дека сите предмети на покојниот извршител Деребан, ќе ги преземе Стаменоски, веднаш штом ќе почне со работа во Охрид. До овој момент новиот извршител сеуште до Комората нема поднесено барање за почнување со работа, а рокот за поднесување на такво барање е од 3 до 6 месеци после неговото официјално именување. Како што ТВМ дозанва Стаменоски веќе бара работна просторија во Охрид. Очигледно Петреска одговорот на прашањето каква е сосотојбата со нејзиниот предмет ќе треба да го побара од Стаменоски. Во меѓувреме додека тој не почне со работа, ќе треба да се снаоѓаат за да врзат крај со крај.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град