Шумата над кошишта, темпирана бомба

Само едно догорче фали за во шумата над Кошишта да настане пожар кој тешко би можел да се изгасни. Мештаните предупредуваат да се превземат мерки додека сеуште има време за тоа

 |  Јаковлева Лионела  | 
suma
шума

Шумата која се наоѓа на потегот од Горна порта до амбулантата Воска, потенцијална опасност за жителите на Урбаната заедница Кошишта. Мештаните  велат дека особено во летниот период во секој момент би можело да дојде до пожар кој би имал катастрофални последици. Жилески Крсте, жител на оваа месност, инаку шумарски инжинер во пензија, вели дека шумата претставува темпирана бомба. Бидејќи голем дел од стеблата се суви и стари, а има и сува ниска вегетација условите за пожар и негово брзо ширење се идеални, предупредува Жилески.

За овој проблем жителите од Кошишта алармирале уште пред две години. Тие направиле петиција која ја доставиле до Локалната самоуправа, Комуналец, Пртивпожарната единица и до останатите институции кои можат да помогнат во решавањето на истиот, но досега никој ништо нема превземено.suma

Од Локалната објаснуваат дека причина што досега ништо не е превземено е што кошиштани наместо да достават барање тие само ги известиле за проблемот. Симон Илиевски, портпаролот на Локалната вели дека граѓаните на оваа урбана заедница треба да достават барање до Комисијата за превземање мерки и активности за отстранување дрва на теритирија на Општина Охрид. После тоа нејзините членови треба да излезат на терен и да увидат каква е состојбата, кои дрва треба да се сечат, а кои да се поткастрат и на крај да се превземат соодветни мерки.

Но, да потенцираме дека време за чекање нема. Само да потсетиме дека пред четири дена на овој дел од градот имаше пожар кој за среќа брзо беше локализиран па не дојде до некои поголеми несакани последици.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top