Доцнат и сините картони, но сепак, вработените во ЈП имаат на располагање 10 дена во месецот да се лекуваат регуларно, а останатиот период од месецот на доверба.
МЈП „Проаква“ на вработените месец и половина им должи плата. Вработените се соживеани со судбината на претпријатието и се надеваат на подобро, вели првиот човек Златко Старкоски. Директорот се правда дека половина година ЈП е под рестриктивни мерки за да не дојде до негово згаснување поради големите долгови, од кои претпријатието никако да крене глава .
„Можам да кажам најодговорно, со моето доаѓање во јануар месец, во јануар беше исплатена плата беа земени сини картони фебруар и се до последниот месец еднаш во месецот вработените земаат плата, нас ни остана наследено една плата каснење. Вчера зедовме плата“.
Старкоски напомена, дека за да се амортизира состојбата во ЈП, многу допринеле и мерките за штедење кои ги спровел уште на почетокот од неговиот мандат. Се пофали дека тоа се гледа со последниот финансиски извештај за период од 6 месеци и додаде дека долговите се намалени, но за сметка на тоа е намален бодот на вработените. И не само тоа намалени биле трошоците на сите нивоа, потенцира Стракоски.
„Како прво намалена е загубата, ако во 2011 за првите 6 месеци загубата беше над 25 милиони денари сега е 12 милиони денари за Р.Е. Водовод Охрид. За Р.Е. Струга загубата беше над 8 милиони денари седа е 3 милиони и 800. во Р.Е. Колектор загубата беше над 13 милиони денари сега е 6 милиони и 800“.
Подобрување има и во наплатата со тренд на зголемување на истата, вели Старкоски. Веќе за месец јули зголемен е бодот на вработените со тенденција истиот уште повеќе да расте. Но цената на струјата останува акутен проблем за претпријатието кој директно се одразува врз неговата работа, посебно врз финансиските резултати, бидејќи колекторскиот систем непрекинато работи со 12 пумпи, заклучува Старкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град